Skip to main content

Автор: инфодеск

Новогодишен концерт на „Охридско лето“  со делата на Штраус, Брамс, Калман

Post Views: 367 Новогодишен концерт на Мешовитиот камерен oркестар под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември со почеток од  20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид.  Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат  изведени дела на Штраус, Брамс, Калман…Мешовитиот камерен состав под покровителство на НУ „Охридско лето“   за првпат ќе приреди одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика за несекојдневно уживање.Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со...

Продолжи со читање

Во четврток во Шила, хуманитарно поетско читање „Имам нешто да ти кажам”

Post Views: 307 Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект „Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива „5 до 12″ организираат поетско читање под познатото мото „Имам нешто да ти кажам”.Целта на активноста е повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на „Имам нешто да ти кажам”, и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар Попоски на кој му се потребни финансиски средства за лекување, информираат организаторите.Петар има 22 години...

Продолжи со читање

Се одржа Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“

Post Views: 355 Викендов на теренот со вештачка трева се одржа второто издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“. Учество на турнирот зедоа повеќе од 100 екипи од земјата и странство.Во име на Општина Охрид медалите и пехарите за најдобрите ги додели заменик градоначалникот Перчо Божиноски, кој им честиташе за постигнатиот успех и посака и наредната година да бидат дел од овој турнир, а на организаторите им посака наредното издание на турнирот да биде уште помасовно.Со организирањето на „Св. Климентовиот – Куп“ се дава значаен придонес во...

Продолжи со читање

Како дезинформациите влијаат врз туризмот, тема на Прашалник

Post Views: 317 Како дезинформациите влијаат врз туризмот беше тема на дебатната емисија Прашалник. Гостите од туристичката фела, кои беа дел од дебатата се сложуваат дека  секоја година пред стартот на туристичката сезона, се објавуваат и споделуваат бројни дезинформации кои го уриваат угледот на градот Охрид. Најчесто дезинформациите се поврзани со загадување на водата во Охридското езеро, правење манипулативни споредби на  фискални сметки од угостителски објекти од Охрид и други градови со цел да се добие впечаток дека Охрид е најскап град во регионот, но и други лаги и...

Продолжи со читање

Започнува Фестивалот на планински филм ЕХО

Post Views: 289 Вечерва започнува Фестивалот на планински филм ЕХО. Филмските проекции ќе се одржат во Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид (кај автобуската станица Охрид). ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН; МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!Најдолгата традиција во патувачкото кино, е посетата на Охрид, па така во организација со АК Патагонија, Културолошка иницијатива 5 до 12 и Планинската спасителна служба – фестивалот во Охрид гостува по 6ти пат.Вљубениците во природата и планината од Охрид ќе можат да уживаат во 2-дневен настан, со селекција на филмови од последното...

Продолжи со читање

Сончево време со мала облачност и температура до 8 степени

Post Views: 233 Претпладне променливо облачно, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 8 степени.До четврток времето во Македонија ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со...

Продолжи со читање

Лицата кои се затруја со хлор во хотелски базен се во добра здравствена состојба

Post Views: 480 Лицата кои се затруја од хлор во затворен базен во хотел на брегот на Охридското езеро се во добра здравствена состојба, надвор од животна опасност.Петте лица од Скопје и две од Охрид беа хоспитализирани во охридската и струшката болница откако синоќа почувствувале здравствени потешкотии по користење на хотелскиот базен.Настанот околу 20 часот бил пријавен во полиција. Првичните претпоставки се дека во водата во базенот имало поголеми количини хлор од дозволените, но тоа ќе го покажае истрагата.-„За случајот се известени јавен обвинител,...

Продолжи со читање

Премиера полна емоции, охриѓани го погледнаа филмот „Охрид, Охрид убав мил“ на режисерот Пиперкоски

Post Views: 758 Синоќа во големата сала на Општина Охрид, се одржа промоција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски. Филмот го прикажува настанувањето на познатата охридска староградска песна “Охрид, Охрид убав мил“, авторско дело на последниот голем охридски трубадор Сотир Димитровски – Зингал.Според зборовите на авторот, овој документарец е прв во серијалот кој ќе биде снимен, со работен наслов „Раскажи песно“, а ќе обработува чалгиски староградски песни и нивното значање за македонската музичка култура.„Оваа серија е...

Продолжи со читање

Приведено лице од Пештани за незаконит риболов

Post Views: 620 На 08.12.2023 година во 17.00 часот во СВР Охрид лишено од слобода е 40 годишно лице од охридското село Пештани.„Тој, претходно во атарот на истото село е затекнат по извршено кривично дело „незаконит риболов”, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Поубав Охрид- поубава иднина за младите

Post Views: 579 „Поубав Охрид- поубава иднина” е анкетата која ја спроведе Локалниот младински совет во Охрид.  Резултатите покажаа дека на младите им недостигаат  културно забавни активности во градот,  но  и голем број ветени проекти низ минатите години кои до денес не е остварени.Од Локалниот младински совет велат  во Акцискиот план 2021-2026 година предвидени се конкретни мерки и активности за подобрување на животот на младите во Охрид, со крајна цел да се намали нивното иселување од државата.„Во тој Акциски план има голем број на стратешки цели кои...

Продолжи со читање

Гости во хотел на охридското крајбрежје се затруле со хлор во базенот

Post Views: 1.874 Гости во хотел на охридското крајбрежје кои го користеле базенот покажале знаци на труење со хлор.– На 08.12.2023 во 19.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител,...

Продолжи со читање

АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека дезинформациите прават штета врз туризмот

Post Views: 736 Граѓаните потврдија дека се сретнуваат голем број дезинформации , кои прават штета на туристичкиот углед на градот Охрид.  ТВМ телевизија преку ЕЦР алатката спроведе анкета за дезинформациите кои се однесуваат на туризмот.На прашањето, колку често се сретнувате со дезинформации, лаги, невистини, манипулации во медиумите?52% од граѓаните одговорија дека често се среќаваат со дезинформации,  44% одговрија дека постојано се среќаваат со дезинформации , а само 3% одговорија дека ретко сретнуваат дезинформации.Во однос на...

Продолжи со читање