Skip to main content

Автор: инфодеск

ЈУНП Галичица, Градиште

Сончево и многу топло, попладне услови за појава на нестабилност

Views: 104 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 17 од 34 степени Целзиусови.Денес и утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во среда, а...

Продолжи со читање

policija

Засилени контроли во патниот сообраќај, 15 возачи возеле под дејство на алкохол

Views: 102  На 5-ти и 6-ти јули 2025 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.– Притоа, полициските службеници контролирале 278 возачи на моторни возила, од кои 110 во Охрид, 73 во Струга, 59 во Кичево и 36 во Дебар. При извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол. Од нив 8 во Охрид, по 3 во Струга и Дебар и 1 во Кичево. Тие биле веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат...

Продолжи со читање

Фото Ѓоко Симјаноск, Охридско езеро

Тело на 70 годишен скопјанец пронајдено кај плажата од Извидничкиот центар

Views: 98 На 5-ти јули 2025 година, во 18:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар, било забележано безживотно машко тело.– Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за 70 годишно лице од Скопје. Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Од утре Drive-In Cinema под отворено небо во Охрид

Views: 88Од 7ми до 9ти јули 2025, паркингот кај поранешната Касарна Охрид ќе се претвори во магично Drive-In Cinema, дел од програмата на „The Cultural Seven“.Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови:-07.07.2025 (понеделник) – The Magnificent Seven (2016)– 08.07.2025 (вторник) – М (2023) – македонски хорор на Вардан Тоѕија-09.07.2025 (среда) – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски + краткометражниот Mi(s)sing Dog (2018) на Антонио Вељаноски...

Продолжи со читање

Денес започнува „Вевчанско лето 2025“

Views: 101 Вевчани повторно станува сцена на уметноста, музиката, театарот и традицијата, каде во наредните два месеци посетителите ќе можат да посетат најразлични концерти, изложби, театарски претстави, хорски настапи и спортски настани.Вечерва во 19:30 со настапот на женскиот аматерски хор ФРИДА од Скопје започнува културно-забавната манифестација „Вевчанско лето 2025“. Настанот ќе се одржи под водство на Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог.-На нивниот репертоар ќе уживате во светски хитови од 60те, 70те и 80те, македонски евергрини и стари народни песни и...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Views: 88 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Денес во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална појава на нестабилност...

Продолжи со читање

Светата маченичка Агрипина

Views: 62 Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на...

Продолжи со читање

Започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Views: 90 Со концерт на Македонскиот ансамбл „Танец“ и КУД „Гердан од Бисери“ вчеравечер на сцената на Долни Сарај започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Во мое лично име и во името на охриѓани ви посакувам срдечно добредојде во вечниот град, кој во прегратката со сината езерска шир ги чува тајните на македонската култура и историја.Голема е гордоста што имаме можност да ја продолжиме шест-децениската традиција и...

Продолжи со читање