Автор: инфодеск
Post Views: 293 Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“наменета за децата од социјално загрозените семејства.„Во соработка со KAM Village, во просторот на овој Центар волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца. Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни...
На 15-ти декември ќе се одржи јавната расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна„
Post Views: 478 Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“.Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во Големата Сала на општина Охрид.Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии, велат од локалната.Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во...
Општина Охрид го објави повикот за Набавка и поставување на Адреналински парк во Охрид / Касарна
Post Views: 447 Општина Охрид има намера да додели договор за Набавка и поставување на Адреналински парк во Охрид / Касарна со финансиска помош од IPA II Annual Action Programme for the Republic of North Macedonia for the year 2020 – EU for Municipalities – Подобрување На Услугите На Локалната Самоуправа Преку Иновативни Концепти, во рамки на Проектот OHRID GO.Тендерското досие е достапно на www.ohrid.gov.mk, во менито Јавни Огласи.Крајниот рок за поднесување на понудите е 10.01.2024, 15:00h.Можни дополнителни информации или појаснувања/прашања може да се...
Вечерва премиера на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на режисерот Илија Пиперкоски
Post Views: 386 Во прославата на културното богатство и безвременските традиции, и како дел од активностите за достојно одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, вечерва во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на познатиот македонски и охридски режисер Илија Пиперкоски.Охрид, Охрид, убав мил е документарен филм од серијата „Раскажи песно“ која го истражува културното наследство на македонската народна музика, со фокус на чалгиските и староградските...
Доделени највисоките општински признанија, Светиклиментовата награда и Повелбите
Post Views: 314 Со свечена академија во чест на Свети Климент Охридски –заштитникот на Охрид, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа централниот настан за овогодишната програма за одбележување на патронот на градот.Пред бројните гости говор одржа градоначалникот Кирил Пецаков.„Свети Климент како да не беше од земјава, како да беше пратен од небо да го прогласи словото Божјо…тој е несразмерно богомудар и плодовит чудотворец… светозрачно сонце на словените, кој на небо е рамен со дванаесетте свети апостоли….“ ќе напише нашиот најголем преродбеник...
Свети Климент Охридски Чудотворец
Post Views: 487 Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите.Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како...
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 207 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. По студеното утро со -2 степени, дневната температура ќе се искачи до 5 степени.Во недела во Македонија во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.фото: Ѓоко Симјаноски
Симулација на дипломатски прием 2023 во ПСУ “Јахја Кемал” во Струга
Post Views: 623 Веќе една деценија во ПСУ “Јахја Кемал” во Струга, традиционално се одржува симулација на формален прием за учениците од четврта година.Оваа недела се одржа повторно ваков формален настан како практична настава, на која м упретходат теоретски подготовки на учениците за дипломатија и дипломатски протоколи.На овој формален настан традиционално учествуваат гости од различни локални и државни институции. А самиот настан е збогатен со пригоден коктел и класична музика во живо.ПСУ “ЈахјаКемал ” е мултиетничко училиште коешто ги...
Одбелжан патронатот на ОУ “Свети Климент Охридски“
Post Views: 321 Со свечена програма, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше одбелжан празникот на ООУ “Свети Климент Охридски“. Годинашното чествување на празникот беше под мотото „Богатството наше – јазикот“.Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од соседна Србија, се обрати директорот на училиштето, Јордан Пуроски.Нашата овогодишна прослава тематски е посветена на нашиот мајчин јазик. Нашите ученици треба да ја разберат и да ја почуствуваат неговата важност и потреба. Денес можеме да ја почуствуваме и да ја разбереме историската борба...
Вечерва ќе се одржи Свечената академија по повод Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид
Post Views: 291 Охрид со повеќедневна богата програма достојно го одбележува празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот.Чествувањето започна со промоција на книгата „Oхрид и охридско 1918-1929“ од проф. Михаил Патчев. Вчера во OСУ „Св. Климент Охридски“ беше поставена изложба на ученици и беа доделени наградите на најдобрите литературни и ликовни творби. Учениците од ОМУ „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето одржаа музички концерт. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, ООУ „Св. Климент Охридски“ го прослави својот патронат со свечена приредба.Во...
Спасовски денеска во Охрид
Post Views: 329 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска ќе оствари средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад.Како што информираат од МВР, работната средба ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар Запад во Охрид.
Света великомаченичка Екатерина
Post Views: 470 Православната црква денеска го слави споменот на Великомаченичка Света Екатерина.Во времето на незнабожечкиот цар Максимин, во градот Александрија живеела Екатерина, која била ќерка на малиот цар Консте. По смртта на татко и живееше со својата мајка. Мајка и беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката...