Skip to main content

Автор: инфодеск

Д-р Асен Шајн е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Охрид

Views: 156 ОО на СДСМ Охрид вечерва го објави кандидатот за градоначалник на Општина Охрид – д-р Асен Шајн.–Човек со искуство, човек на кој може секој да се потпре, човек кој ќе ги ислуша грижите на секој еден охриѓанец и кој достојно ќе го претставува својот народ. Д-р Асен Шајн е почитуван доктор, човек и професионалец кој е посветен на грижата за луѓето. Неговата врата, како лекар, но и како личност секогаш била отворена за сите граѓани без разлика на нивниот статус, партија или мислење. Асен Шајн е познат меѓу пријателите и колегите како скромен, одговорен и директен во...

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска Брендан Вард

Views: 69 Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард.На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка.Соговорниците ја потенцираа важноста од културната размена како и можностите за гостување на ирски уметници во...

Продолжи со читање

Охриѓанката Данче Наумоска четврт век создава уметничка бајка од бакар

Views: 175 25 годишното уметничко творештво со бакар Наумоска ќе го одбележи со јубилејна изложба насловена како „Приказ на животот преку виното“,  која ќе биде отворена во петок, 4ти јули од 19 часот во Гимназијата „Св. Климент Охридски“. Присутните, преку нејзините дела ќе можат да уживаат во една уникатна визуелна приказна за животот претставена низ симболиката на виното, природата и бакарот. Данче Наумоска е единствената жена која создава врвни уметнички дела и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната техника  – цртање и боење на бакар. 

Продолжи со читање

Свр охрид

Сообраќајна несреќа на „7 ноември“

Views: 65 На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од 44 годишно лице од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 60 годишно лице од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Децата од Вевчани се забавуваат во новиот детски забавен парк

Views: 82 Вевчани го доби првиот детски забавен парк. Паркот е во строгиот центар на општината и се протега на површина од 200 метри квадратни, направен според сите стандарди – со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.Детскиот забавен парк собиралиште за децата и родителите е реализиран со инвестиција на Владата, средства обезбедени преку првиот повик од т.н. унгарскиот кредит.-Еден од највозбудливите проекти што ги реализиравме скоро е детскиот забавен парк што мене ми е посебно драго бидејки е на барање на најмладите вевчанци. Тоа е место во центарот кое...

Продолжи со читање

Утре започнува со работа летниот базен

Views: 67 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека летниот базен официјално ќе започне со работа утре, четврток, на 3 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот.

Продолжи со читање

Граѓаните ќе може да пријавуваат неправилности во здравството на веб-страната на Министерството

Views: 83 Министерството за здравство сака да слушне за негативните искуства на граѓаните со здравствениот систем. Граѓаните можат секоја забелешка, жалба или злоупотреба во болниците да ја пријават на веб страницата на Министерството.Пријавувањето е анонимно, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. Постои можност кон пријавата да се приложат и фотографии и документи како докази.За ваквата новина информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинари. На...

Продолжи со читање

Екстремно среќен ден за турски параглајдерист на Галичица

Views: 49 Вчера околу 16:30 часот, до оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС) бил упатен повик за помош од вработен во НП Галичица. На наплатниот пункт „Дервен“ лице од Турција пријавило дека негов пријател – параглајдерист – принудно слетал во околината на врвот Магаро и му е потребна евакуација.По брза координација и утврдување на точната локација, параглајдеристот бил лоциран на тешко пристапниот и карпест дел, на западната страна од планината.Несреќата се случила околу 16:00 часот, кога, од засега непознати причини, пилотот изгубил целосна...

Продолжи со читање