Автор: инфодеск
Post Views: 417 Десет лица загинаа, а 23 се повредени, меѓу кои две деца во снежните бури во Украина, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Игор Клименко.Ветрови и бури ја зафатија Украина од неделата, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и блокирајќи ги патиштата, особено во јужниот дел на земјата, пренесува Ројтерс.„Поради влошување на временските услови, 10 лица загинаа во регионите Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм.Тој изјави дека без струја се 411 населени места во 11 области, а од снежните наноси треба да се...
Забрана за тешки товарни возила преку Стража
Post Views: 314 Од утрово воведенa забрана за тешки товарни возила преку Стража, соопшти АМСМ.Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, од 08.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Започна Божиќниот пост
Post Views: 798 Денес започнуваат Божикните пости во чест на празникот Христово рождество, кои ќе траат до 6-ти јануари.Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7-ми јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28-ми ноември, а завршува на Бадник, 6-ти јануари.Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и...
Поевтинуваат бензините и дизелот
Post Views: 489 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на...
Кривична за 33 годишен охриѓанец кај кого полицијата пронашла кокаин
Post Views: 442 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. „При контрола, извршена на 03.11.2023.година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го затекнале пријавениот во близина на неговиот дом во Охрид и при извршен преглед, кај него пронашле и одзеле кокаин. “ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
20 возачи во Охрид казнети за брзо возење
Post Views: 267 На 26.11.2023 во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга-12, Кичево-14, Дебар-16).
АХВ повлече од продажба негазирана минерална вода
Post Views: 761 Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува производот Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литриРок на употреба: до 30.08.2024 година.Причина за отповикување: небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението од Агенцијата...
Светиот апостол Филип и Божиќни поклади
Post Views: 269 Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади.Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост.Свети апостол Филип е роден во Витсаида во близина на Галилејското Море. Тој ревносно го проповедал Евангелието во Азија и во Грција, каде што Евреите сакале да го убијат, но Бог го спасил со моќни чуда. Така еврејскиот архиепископ, кој брзал кон Филип да го претепа, одеднаш ослепува и поцрнува,...
Утрово во Охрид измерени -7 степени
Post Views: 381 Утрово во Охрид измерени -7 степени целзјусови, а снежна покривка 5 см, информира УХМР.Студеното време ќе се задржи до средината на неделава. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.фото: Ѓоко Симјаноски
Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни”
Post Views: 403 Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.” На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.” посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.„Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.“ – велат организаторите.Конференција се...
Промотивно- едукативни видеа за промоција на културното наследство во Охрид
Post Views: 348 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина, Регионален зелен центар Охрид, во текот на изминатите месеци, изработи 6 промотивно- едукативни видеа во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.„Содржински видеата се изработени така што претставено е културно наследство во Охрид од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нови век. „ – велат од Регионален зелен центар Охрид.Во секое видео е претставено културно наследство од...
„Две години промени во Охрид“ – отчет на градоначалникот Пецаков
Post Views: 494 Принципот на отвореност и транспарентност се главните темели на кои се заснова функционирањето на една општина и се клучен фактор за одговорно управување, легитимно и ефикасно работење, вели во видео обраќањето, по повод две години од мандатот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Иако, локалната власт покажала висок степен на отчетност пред граѓаните, во интерес на јавноста, сметале дека е потребно да направат еден краток осврт на реализираните проекти во изминатите две години.
