Skip to main content

Автор: инфодеск

Галичица

НП Галичица: Посетителите можат да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот

Views: 160 Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачја.– Овие мерки имаат за цел да ја заштитат природата, да спречат пожари и да овозможат безбедно уживање во паркот за сите посетители. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот, велат од НП Галичица.Инаку, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални шуми поради...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена локална облачност

Views: 59 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.Денешните минимални температури во Охрид од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.

Продолжи со читање

Светиот апостол Јуда

Views: 82 Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ Христос; и кога...

Продолжи со читање

Утре почнува претпрограмата на 8. Beach Film Festival

Views: 72 Од 2 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за осмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 23 до 27 јули.–Селекцијата „земја во фокус“ оваа година ја претставува Германија. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филма. Секоја вечер од 2-и до 6-ти јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избраните филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин, велат организаторите.На 2 јули ќе биде прикажан филмот „Два спрема еден“ („Zwei zu...

Продолжи со читање

Пребрзото возење низ туристичко Пештани ја загрозува безбедноста на мештаните и туристите

Views: 83 Пребрзото возење низ село Пештани, главен проблем за мештаните и туристите. Алармот го вклучи немил настан деновиве, кога дете беше удрено од автомобил на пешачки премин. Велат, никој не ја почитува максимално дозволената брзина во населено место, се вози многу побрзо, а во лето сообраќајот е премногу густ. Илјадници автомобили, автобуси патуваат кон Свети Наум и Албанија врвејќи низ туристичкото село каде куќите се одделени од плажата и шеталиштето со регионален пат.  Загрижени за безбедноста на своите деца бараат итно сообраќајно решение.–Сме се обратиле до...

Продолжи со читање

Нов бран превентивни кампањи на СВР Охрид

Views: 58 „И јас и ти сме пешаци”, ,, Носи кацига”, „ Користи пешачки”, „Одговорно паркирај”, „Спречи кражби”, се новите превентивно-едукативни кампањи што, СВР Охрид отпочна да ги реализира, во пресрет на главната туристичка сезона.Целта е подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста и совеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост нај граѓаните, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на сообраќајната безбедност. Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе локации во...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Јане Сандански“

Views: 53 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 до 11:30 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“ и дел од „Јане Сандански“.

Продолжи со читање

Целосно санирани дупките и асфалтирана улицата пред комерцијата зграда во охридската болница

Views: 70Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека после долг период, во кругот на ОБ Охрид беше решен еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа.–По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на ОБ Охрид, а се изврши и целосно асфалтирање на патот пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.В.Д....

Продолжи со читање