Skip to main content

Автор: инфодеск

Black Friday во Mаксипринт со најдобрите понуди досега

Post Views: 257 Од 21 до 30 ноември,  цела недела  Black Friday попусти и екстремно ниски цени во Максипринт.Одлични цени на камери, рампи, лизгачки и крилни врати, аларми, смарт уреди за Smart Home!Не пропуштајте ја понудата на Black Friday Days во Maksiprint Distribution!За инфо и целосна понуда посете ги на Бул.Туристичка бр.4, Охрид или јавете се на: 078 550 155, 070 477 795.Максипринт Компјутери е  една од водечките ИТ фирми на пазарот која 3 децении го прави достапно на клиентите само најдоброто од индустријата...

Продолжи со читање

Резултати од општинското првенство во шах чиј домаќин беше ООУ „Братство Единство” Охрид

Post Views: 445 ООУ „Братство Единство” Охрид беше домаќин општинското првенство во шах за основни и средни училишта во организација на Сојузот за училишен спорт.„Посебно сме горди на успехот на нашите ученички Емилија Лушеска 9 одд која освои прво место и Емилија Целеска 7 одд која освои второ место и со тоа се квалификуваа за учество на државниот натпревар.“ – велат од ООУ „Братство Единство”.Ова се постигнатите резултати на основците и средношколците кои се пласираа на државното првенство.Категорија  6-9 одд  девојчиња1.Лушеска Емилија  9 одд...

Продолжи со читање

Започна изградба на водоводна мрежа во Арбиново

Post Views: 343 Општина Дебрца започна со реализација на уште еден проект за подобрување на комуналната инфраструктура. Станува збор за изградба на водоводна мрежа во должина од 1000 метри, во село Арбиново. Со овој проект и оние домаќинства кои не беа приклучени на водоводниот систем ќе добијат вода за пиење.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината, а работите ги изведува ЈПКД Дебрца.

Продолжи со читање

„И Охрид имат пештери“- изложба на фотографии во Младински Центар Охрид

Post Views: 413 „И ОХРИД ИМАТ ПЕШТЕРИ“ е насловена изложбата на фотографии која ќе биде поставена на 01 декември 2023 г. во Младински Центар Охрид ( во поранешна касарана, прв спрат).„Спелеолошкиот клуб Spiridon Speleo во соработка со Општина Охрид Ви нуди уникатна можност да ѕирнете во нeдопрената убавина и чистота во подземниот свет на охридскиот варовник.“ – порачуваат од МЦО.Изложбата ќе биде отворена во 17:00 часот

Продолжи со читање

Во септември годинава просечната нето плата изнесувала 37.876 денари

Post Views: 274 Според информациите од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 37 876 денари.Тоа претставува зголемување од 16.4 отсто во однос на истиот месец 2022 година.Анализите на државна статистика покажуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода;...

Продолжи со читање

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 282 Во Охрид денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен павец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 12 степени.До петок во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.Фотографија: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Македонката Ева успешно гази по модните писти во Швајцарија

Post Views: 533 На 17 ноември се одржа еден од најпознатите саеми во Паерне, Швајцарија, во рамки на кој се одржува избор за Мис и Мистер.Убавата манекенка Ева, со потекло од Кичево, беше претседателка на стручното жири, на покана од страна на “Suisse Franchophon”.На манифестацијата сите погледи беа вперени во нашата Ева. Таа носеше преубав зелен фустан, а нејзиниот прекрасен врат го красеа скапоцени бисери.Кон крајот на настанот, неа ја ,,нападнаа” огромен број обожаватели чекајќи го нејзиниот автограм, а некои од нив успеаа и да се...

Продолжи со читање

Дезинформациите и негативниот наратив за туристички Охрид го уриваат имиџот на градот

Post Views: 1.199 И туризмот не е имун на дезинформациите, кои станаа секојдневие во интернет ерата. По социјалните медиуми и по порталите често се споделуваат лаги и манипулации, кои го уриваат имиџот на градот Охрид, како главен турситички центар. Лагите поврзани со превисоки сметки од хотелско угостителските објекти во Охрид, од плажи, сендвичари и пекари се особено актуелни пред и за време на туристичката сезона.Неодамна со огромна брзина на социјалните мрежи се споделуваше фотографија од охридски ѓеврек со цена од 120 денари. Оваа фотографија се испостави дека е од...

Продолжи со читање

“ЛАВИРИНТОТ” во петок на репертоарот на Народен театар Охрид

Post Views: 442 “ЛАВИРИНТОТ” од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески, во петок (24.11.2023 година) повторно на репертоарот на Народен театар Охрид.Играат: Ивица Цонев и Марко Богдановски.Композитор: Алмир Бајрамоски.Инспициент: Филип Ангеличин – Жура.Дизајн на светло: Борис Велјаноски. Во претставата се користат пиротехнички средства.Почеток на претставата во 20.00 часот, цена на карта 200 денари.Препорачана возраст: 16+„Лавиринтот“ нова премиера на Народен театар Охрид | Портал ТВМ (tvm.mk)

Продолжи со читање

Виното Вранец-Требеништа на oхридската S&S винарија освои бронзен медал на саемот „Винска визија на Отворен Балкан”

Post Views: 492 Винаријата „Стојан и синови” иако е релативно млада винарија успешно го трасира својот пат помеѓу малите семејни винарии. На саемот „Винска визија на Отворен Балкан” кој се одржа во Белград, Србија, виното Вранец – Требеништа на оваа винарија освои бронзен медал.„Бронзен медал за нашиот Вранец – Требеништа, со освоени 86 поени. Втора година како учесници, позитивни коментари за нашите вина, преубава атмосфера, успешно завршена уште една презентација на нашите вина.“ – велат од винаријата за впечатоците од саемот.Саемот...

Продолжи со читање

Јавен повик до доверителите на Општина Охрид да пријават побарувања по основ судски и извршни решенија

Post Views: 319 Општина Охрид објави јавин повик до доверителите да ги пријават неплатени побарувања по основ судски и извршни решенија. Рокот за пријавување на побарувањата е 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.Право на пријавување на побарување имаат сите доверители за доспеани а неплатени обврски по основ на правосилни судски решенија или друга извршна исправа или по друг ОСНОВ, доставени за наплата до трезорот при МФ, заклучно со Ноември 2023 година со цел спогодбено утврдување на...

Продолжи со читање

Три лица од Велешта приведени по инцидент пред Основниот суд во Охрид

Post Views: 1.730 На 21.11.2023 година во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта кои, претходно, пред основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање