Автор: инфодеск
Post Views: 31 Во Касарна Хаб во Охрид, денеска ќе биде отворена самостојната изложба „No escape from reality” на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.Станува збор за изложба која ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела, информираат организаторите.-После самостојните излагања во Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени дела од моите најнови циклуси во Охрид но овој пат во еден неконвенционален, ‘’експериментален’’ простор, во Касарна Хаб,(во...
Општина Охрид: Новогодишни пакетчиња и пригодни подароци за празнична радост
Post Views: 13 Во пресрет на новогодишните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков подели новогодишни пакетчиња на најмладите.Новогодишни пакетчиња беа поделени во Инклузивната игротека „Радост“, во здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, дневниот центар „Зраци“, како и на дечињата кои се лекуваат во Општата Болница во Охрид.Пригодни подароци беа поделени и на згрижените пациенти во Одделението за геријатрија при...
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Post Views: 9 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Облачноста од пладневните часови ќе се зголеми од исток и на североистокот кон крајот на денот ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.Од утре следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал...
Избрани новите членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид
Post Views: 15 Синоќа на општинска Конференција се избраа членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид.Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат.„Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за справување со проблемите. Ние сите мора да ги имаме вистинските идеи за да ги смениме тие работи кои се рак рана на партијата преку...
Фатен крадец во продажен објект на булеварот „Железничка“
Post Views: 8 На 25-ти декември 2024 година, во 16:30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид, кое претходно било затекнато при кражба на помошен работен алат и прибор.– Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Општина Охрид работи на економско јакнење на жената
Post Views: 13 Советот на женско претприемништво во Охрид засилено работи на економско јакнење на жените. Полека, но сигурно се уриваат стереотипите дека жената може да биде успешна и треба да биде рамноправна во општеството. Истражувањата покажуваат дека жените ги надминуваат мажите во бројни лидерски вештини. Општина Охрид прва во регионот ја подготви и усвои Стратегијата за развој на женско прептриемништво, што подразбира вклучување и финансиска поддршка на жената во бизнис секторот. Подготвен е и акционен план со конкретни мерки и активности за...
Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” ќе поделат новогодишни пакетчиња за дечиња од социјален ризик
Post Views: 15 Со цел да се разбуди хуманоста во овој празничен период, под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!”, психологот на училиштето РЦСОО „Ванчо Питошески” – Охрид, Даница Скрческа заедно со Ученичката заедница, организираа хуманитарен новогодишен училиштен настан.– За успешна реализација на настанот придонесе и активното вклучување на стручните наставници: Војо Ангелоски, Елена Спировска и Катерина Џамбазовски, кои заедно со учениците приготвија домашни деликатеси и топли напитоци, а присутните имаа можност да посведочат за прекрасниот вкус на...
Охриѓани се многу загрижени за влијанието на депониите врз нивното здравје и врз животната средина
Post Views: 11 Групацијата Збогум Буково ги објави резултатите од истражување на јавното мислење на охриѓани во однос на управувањето со отпадот и депониите, кое го спроведе преку електронска анкета во текот на изминатиов месец.Резултатите од истражувањето укажуваат дека охриѓани се многу загрижени за ефектите од дивите депонии, вклучително Буково и Мауцкер. На прашањето „Колку сте загрижени за долгорочните ефекти на дивите депонии врз животната средина и јавното здравје?“ – 95 проценти од граѓаните одговориле дека се многу загрижени.На прашањето „Кои се главните бариери...