Автор: инфодеск
Post Views: 371 Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 384 Претпладне појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 12 степени.Утре кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде во пораст.
“Чувари на формулата” на Бјелогрлиќ во сабота на кино репертоарот на Центар за култура Охрид
Post Views: 406 Мега популарниот филм “Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид во сабота 25.11.2023 година.,,Чуварите на формулата” е базиран на романот на Горан Милашиновиќ „Случајот Винча”, е возбудлива филмска приказна инспирирана од вистински настан во Институтот Винча кој се случил пред 65 години, на 15-ти октомври 1958 година. „Чувари на формулата“, во Србија го нарекуваат „српски Опенхајмер“.Оригинален наслов: Čuvari formuleПочеток на филмот: 25.11.2023год во 20.00 часот....
Утре посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на претседателот на Албанија
Post Views: 538 Утре, 21 ноември 2023 година, на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец на ул „Коста Абраш“
Post Views: 415 На 19.11.2023 година во 10.55 часот, на улицата „Коста Абраш” во Охрид, приведено е 42 годишно лице од Охрид.„При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Зголемен бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југозападниот регион
Post Views: 465 Расте бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југозападниот регион. Во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, забележителен е наплив на заболени. Загрижува и тоа што се намалува старосната граница, се повеќе млади страдаат од висок крвен притисок и срцеви болести.Во болницата дневно има над стотина прегледи, дополнително дијагностички процедури.„Нашата земја е ставена во групата на земји со висок кардиоваскуларен ризик. Што во суштина значи и зголемен број на пациенти за каридолозите, но и потреба од зголемена...
Отворен ден за грижа за стари лица во Црвен крст Охрид
Post Views: 346 Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица.На настанот, од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема организацијата за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот.Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.
Сончево со мала облачност и температура до 13 степени
Post Views: 224 По суденото утро со температура од -1 степен, преку денот во Охрид времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.Во вторник по одделни котлини во Македонија ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.фото: Ѓоко Симјаноски
Колку дезинформациите ја минираат туристичката сезона?
Post Views: 609 Пред почеток на главната туристичка сезона во охридскиот регион, како непишано правило, секоја година започнува „кампања“ со разноразни фотографии и информации за слабости во туризмот на македонскиот бисер. Најчесто на портали и социјални мрежи, се шират содржини од непотврдени извори, но и вистинити информации зачинети со сензационализам дури и тенденциозност кои фрлаат сенка на напорите на сите чинители во туризмот за квалитетна понуда и успешна сезона.Споделете го со нас вашето мислење за тоа колку дезинформациите влијаат врз туристичката сезона со...
На семејството Автароски од Ливадишта, чиј дом беше уништен во пожар, потребна му е помош
Post Views: 537 Силен пожар ја „проголта” куќата на семејството Автароски во струшкото село Ливадишта. Се’ што макотрпно граделе го снема за неколку мигови, изгоре во пламените јазици кои избувнале околу полноќ пред два денови.Огнената стихија го пеплоса покривот, целата покуќнина, дограмата и облеката.Во целата несреќа, среќа е што едно од двете деца, било будно, па успеале да се спасат без да бидат повредени.„Децата ми се јавија. Тато гориме! Излегувајте надвор од куќата веднаш им реков. Тие сакаа да гаснат со вода, ама има и...
АППТ: До 2025 год зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Отворен Балкан
Post Views: 468 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година има значајна улога во презентација на македонските туристички потенцијали на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” – Вино, храна и туризам,кој се одржува од 16ти до 19ти ноември во Белград, Република Србија.“Резултатите на Отворениот Балкан се видливи на полето од туризмот преку овогодишните постигнувања во туристичкиот сектор, кој е во раст не само помеѓу трите земји, Северна Македонија, Србија и Албанија туку и поединечно споредбено со останатите земји во регионот и Европа....
Презентација на новиот систем за молекуларна дијагностика на Центарот за јавно здравје Охрид
Post Views: 334 Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.„Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите: Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман...