Автор: инфодеск
Views: 67 Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец.Минималните температури од 16, додека максималните температури ќе бидат до 30 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температурa.
Туризам на свое ниво: дно со дотраени и пеплосани педалинки
Views: 169 Додека светот зборува за одржлив туризам, ние застанати во ’87, гордо ги нудиме нашите педалинки кои се обвиткани во мов и рѓа. Наша сограѓанка реагираше во врска со истите кои се изнајмуваат на охридските плажи.-Секојдневно има реакции од посетителите на плажата Горица 3. Од педалинките пеплосани на цела плажа нема место за посетителите. Уште ако се постели пешкир тие сами го тргаат. Цела плажа е узурпирана од педалинки. Срам. До каде ќе оди туризмот во Охрид??? Супер ви е рубриката., вели нашата сограѓанка во нејзината порака.
Викендов сите патишта водат кон Охрид
Views: 150 Ако денес тргнавте накај Охрид, понесете си кафе, музика, трпение, но и насмевка. Ве чека огромна колона од коли, но и убаво и сончево време. И пак ќе стигнете, само малку поспоро.Не заборавајте, само возете претпазливо и внимателно.
Денес е Видовден, ден со посебно историско значење за српскиот народ
Views: 71 Видовден, еден од најголемите православи празници се празнува на 28 јуни. За Видовден кој посебно го слават Србите и Бугарите, се врзани многу интересни верувања.За српскиот народ овој празник е и историски важен датум поради прочуениот Косовска битка и пигибија на кнез Лазар во 1389 година, но и поради повеќе значајни настани од историјата на српската држава, како што се прогласување на војна на Турција во 1876 година, атентат на австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинанд во 1914 година, донесување на Видовденскиот устав во 1921 година и др.На Видовден најмногу му се...
Денес сончево со мала до умерена локална облачност
Views: 66 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70км/ч.) од северен правец.Минималните температури во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусов. УВ индексот и денес со вредност 9.
СДСМ: Охрид е во колапс во сите сфери и области
Views: 57 Се соочуваме со состојба во која Охрид е во колапс во сите сфери и области. Граѓаните се борат со високите цени, а со тоа и со егзистенција и плаќаат сметки повисоки од било кога. Не мириса на плоден туризам бидејќи градот нема што да понуди освен ѓубре, отпадок, прашина и згради.Освен што нема туристи, ги нема ни самите жители, посочуваат во соопштение од ОО на СДСМ Охрид.–Охриѓани драстично си одат од Охрид со своите семејства, аналогно на фактот дека оваа година има драстичен пад на уписи на ученици во прво одделение, за разлика од претходни години. Најголемите...
Одземено оружје од 27 годишен охриѓанец кој ги поседувал без соодветна дозвола
Views: 71 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.
40 годишен јубилеј Интернационална ликовна колонија „Дебрца“
Views: 118 Водена со ентузијазмот и повеќе деценоската посветеност на основачот, ликовниот уметник и педагог, Ѓорѓи Целески, Интернационална ликовна колонија „Дебрца“, најстара во земјата и со најбогат фонд ликовни дела, стигна до својот голем јубилеј – 40 години постоење и успешна дејност.Годинешното издание, започнува во сабота, на 28-ми јуни, а свеченото отворање е закажано за 20:00 часот, во Галеријата на Колонијата, во селото Белчишта, седиштето на Општина Дебрца.Годинава, организаторот, Здружението „Ликовна колонија – Дебрца”, како што приличи за една јубилејна програма,...








