Автор: инфодеск
Views: 102 Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“ ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште едносовремено и...
На 1. јули стапува на сила забраната за извршување градежни работи во централното градско подрачје
Views: 91 Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.Забраната ќе биде на сила до 31 август.
Вечерва на сцената на „Долни Сарај“ детскиот фестивал „Поточиња“
Views: 73 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денес со почеток во 19:30 часот, на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ораханизаторите велат дека најмладите ги очекува вистинска музичка бајка, радост, музика и детска енергија на сцената.–Ве покануваме сите – мали и големи – да уживаме заедно во песна, игра и насмевки под отворено небо!, порачуваат организаторите.
Целосна забрана за движење во шумите
Views: 89 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 1 јули до 31 август.Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за...
Од 1 јули до 31 август забрана за сообраќај на тешки товарни возила на државните патишта
Views: 233 Од АМСМ информираат дека се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, во периодот од 1 јули до 31 август.Термините се следни:петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот инедела од 09:00 до 22:00 часот.На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на...
Светиот пророк Елисеј
Views: 66 Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите...
Сончево и многу топло, попладне можна нестабилност со пороен дожд и грмежи
Views: 103 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со вчерашните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст, велат од УХМР.Минималните температури во Охрид од 17, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има...
Местата каде децата треба да се смеат и играат стануваат извор на опасност
Views: 110 Детските игралишта во Охрид во очајна состојба: стари, дотраени, искршени и небезбедни. Овој пат со реакција до нашата рубрика Ти Си Твојот Град се обрати наша сограѓанка која реагира за дотраеноста на реквизитите на игралиштето кај ОУ „Григор Прличев“.-Имате супер рубрика за пријавување недостатоци во градот. Детските игралишта се во очајна состојба. Барем неој надлежен да ги раскренит овие опасни остатоци од игралиштето. Очај., вели нашата сограѓанка во нејзината порака.








