Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид Св. Наум

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Охрид–Св. Наум

Views: 182 Вчера, во 11 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид–Св. Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 87-годишен скопјанец, и мотоцикл „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишен жител на село Мислешево, Струшко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Close-up of a person's hand turning a chrome faucet handle in a modern bathroom setting.

Поради дефект неколку часа без вода ќе бидат корисниците од повеќе улици во Охрид

Views: 153 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“ дел од”Булевар Туристичка “, ,,Серафим Китаноски’’ , ,,Страшо Пинџур’’ и ,,Ванчо Николески ‘’ , информираат од ЈП ВОДОВОД Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Левица: Поради пропусти во Центарот за социјална работа, најсиромашните во Охрид останаа без оброк

Views: 128 Најсиромашните жители во Охрид останаа без единствениот топол оброк во денот, откако Народната кујна е затворена поради реновирање на кујната во Студентскиот дом „Никола Карев”, реагираат од Левица Охрид преку допис до медиумите. Оттаму посочуваат дека од денеска, и граѓаните кои имаат решение од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Охрид за добивање еден оброк дневно, остануваат без оваа основна социјална услуга.„Според информациите доставени до Левица, поранешната вршителка на должност директор Весна Аврамоска не спровела јавна набавка за обезбедување храна,...

Продолжи со читање

Телесни камери на граничните премини Табановце, Блаце и Ќафасан воведе Царинската управа

Views: 134 Царинската управа официјално воведе во употреба телесни камери во работата на царинските службеници на три гранични премини, Табановце, Блаце и Ќафасан, со чија примена се очекува зајакнување на борбата со криминал и корупција. Царинските службеници при вршење на својата должност ќе имаат право да ја снимаат целата постапка, а снимките ќе можат подоцна да се користат како доказ во прекршочни и кривични постапки.Камерите се донација од Министерството за правда на САД. Системот на телесни камери, на официјален настан денеска го промовираа директорот Бобан Николовски и...

Продолжи со читање

Документарниот филм „Македонецот“ ќе биде прикажан во Охрид на културниот настан „ Патување кон корените“

Views: 302 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 24 септември ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во организација на Полската амбасада во Македонија.Централниот дел од вечерта ќе биде проекцијата на документарниот филм „Македонецот“, создаден според вистинската животна приказна на таткото на режисерот, Мито Алексовски, кој како дете бил бегалец од Егејска Македонија.Во рамки на програмата се предвидени обраќања на претставник на Полската амбасада, претставник на Општина Охрид и режисерот Петро...

Продолжи со читање

Не паркирај

Утре целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“

Views: 174 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре 18.09.2026 година (петок)  целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“ и тоа од пресекот на оваа улица со ул. „Егејска“ па се до пресекот на оваа улица со ул. „Марко Нестороски“. Времената забрана за сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.Во периодот додека трае забраната на улиците „7- ми Ноември“ (во останатиот дел од улицата) како и на улицата „Марко Нестороски“ нема да се одвива автобуски сообраќај и истиот ќе се пренасочува по улиците „Железничка“ и „ Питу Гули“ како и по...

Продолжи со читање

A young girl wearing headphones is focused on her laptop, engaging with educational content at her desk.

„Бистри Умови” со бесплатни курсеви, натпревари и вредни награди за ученици од цела Македонија

Views: 150 Четврта година по ред, „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia” организира целосно БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви по математика и информатика за ученици од IV одделение до средно образование, од цела Македонија.Годинава програмата е уште поширока – од ученици кои ги прават своите први чекори во математиката и C++, преку подготовка за натпревари, па сè до напредни програми за талентирани ученици кои сакаат да зачекорат по олимпискиот пат.Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без...

Продолжи со читање

Утре и задутре ќе се одржи 2. Меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида

Views: 138 Факултетот за образовни науки и Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, Институтот за културно наследство и археологија – Скопје и Стопанската комора, најавуваат дека ќе се одржи Вториот меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида.Симпозиумот ќе се одржи од 18 до 20 септември 2026 година во Охрид, под темата „Медитеранската археологија помеѓу империите и империјализмот“. Свеченото отворање е предвидено на 18...

Продолжи со читање