Skip to main content

Автор: инфодеск

atom, science, proton, nucleus, atomic, electron, quantum, physics, atom, atom, atom, atom, atom, science, proton, proton, proton, proton, electron, quantum, quantum, quantum, quantum, quantum, physics

Во Охрид ќе се одржи 7. Балканска олимпијада по физика

Views: 108 Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), од 26 до 30 јуни во Охрид, ја организира 7. Балканска олимпијада по физика – БПО7, натпревар наменет за ученици од првите две години од средните училишта од балканските земји. Натпреварот ќе се одржи под покровителство на Балканската унија на физичари (BPU) и со финансиска поддршка од Европското друштво на физичари (EPS), Природно-математичкиот факултет – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за образование и наука на Македонија.На БПО7 ќе учествуваат ученици од 10 земји-членки на...

Продолжи со читање

АХВ со препораки за заштита на храната и животните од високите температури

Views: 84 Порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна и претставува потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се обезбедат доволни количини храна и вода за пиење.-Неопходно е да се направи правилен избор на храна и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени...

Продолжи со читање

Изгор цени на овошјето и зеленчукот во Охрид, пазарите празни

Views: 157 Цените на охридскиот пазар оваа сезона уриваат рекорди. Охридската цреша се продава од 250 до 300 ден за кг. Цените годинава се повисоки поради мразот и градот, кој пролетва ги уништи овошките и значително го намали родот. Земјоделците велат тешка е работата, а мала е заработувачката.Анкета продавачи:-Патлиџанот е 70,краставицата 30, пиперката 70. Кајсијата е поскапа 150 ден. Измрзнаа. Дињата е 80, бостанот 40. Скапо е нека излезат на 40 степени, јас произведувам компир нека излезат да работат на 40 степени нека видат како е.-Мразот фати на времето кога...

Продолжи со читање

Свр охрид

Во сообраќајка на „Абас Емин“ повредена 65 годишна жена од Австралија

Views: 154 На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49 годишно лице од селото Долно Лакочереј, охридско, удрило во 65 годишна жена од Австралија, со престој во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Продолжува истражувањето на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија

Views: 71 Националниот археолошки музеј и Карловиот Универзитет од Прага, Р .Чешка осма сезона по ред продолжуваат да го реализираат меѓународниот проект „Погранични студии“ – Истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија (Frontier Studies. Investigation into Identity and Cultural Contacts in the Border Area of Ancient Macedonia).–Проектот претставува комплексно научно истражување кое користи ралични пристапи и истражувачки методи, со цел преку ваквиот мултидисциплинарен пристап да го реконструира пејсажот и да ги...

Продолжи со читање

Центарот „Мали стапала“ од Охрид слави една година – Мали Стапала, Големи Чекори 

Views: 197 На 24 јуни, Центарот за стимулација на раст и развој, едукација и советување Мали Стапала од Охрид одбележa една година од своето постоење. Во текот на изминатата година, во „Мали стапала“ заедно со децата и нивните семејства се чекореше со голема љубов и посветеност.Во оваа прва година, „Мали стапала“ го прошири своето семејство и во Скопје, каде што отвори уште еден центар и продолжи со посветена работа во поддршката на децата и нивниот развој.Покрај секојдневната стручна работа, „Мали стапала“ организираше и инклузивна предновогодишна забава, како и...

Продолжи со читање

Ќе се реконструира отвореното спортско игралиште во Мешеишта

Views: 137 Општина Дебрца информира дека согласно годишната програма за развој на спортот, општината нарача изработка на техничка документација, основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во селото Мешеишта.-Со проектот е планирано поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда околу полигонот, нови стативи, нови табли и обрачи за кошовите, санација на надворешните санитарии, репарација на постојната трибина и фарбање на столчињата, а во северниот дел плато за фитнес опрема и детски...

Продолжи со читање

Свеќи

Светата маченичка Аквилина

Views: 63 Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка да ѝ ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина...

Продолжи со читање