Автор: инфодеск
Post Views: 342 Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната...
Медали, дипломи и пофалници за охридски гимназијалци на 56. Детски Рацинови средби
Post Views: 344 ,,Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата” – беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.Ученици од ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид, заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби.Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски учениците:Рецитаторката Константина Крежеска (IV-5) се закити со сребрен медал и...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 272 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се задржи на 14 степени.И за вторник метеоролозите најавуваат стабилно време, сончево со мала до умерена облачност. Во среда во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд.фото: Ѓоко Симјаноски
Yugo Rally 2023 од Охрид до Крањска Гора
Post Views: 546 Се уште постои носталгија за бившиот југословнески дух. 28 авантуристи од повеќе земји со 14 стари автомобили од брендот Застава ЈУГО утрово од Охрид тргнаа на турата „Југо-трип”. Со возила стари повеќе од три децении ќе патуваат од Охрид преку Лесковац, Златибор, Подгорица, Мостар, Шибеник, Плитвице,Порторож до Крњска Гора.Идејата за оваа необично уникатно патување е на охриѓанецот Блаж Поп Стефанија, а целта е вели да се потсетат како во минатото се патувало од една во друга југословенска република. Но и промоција и...
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
Post Views: 331 Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,50 денари по литра, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 78,00, а на Екстра лесното масло 77,50 денари за литар. Поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,743 денари.
Во Сливово одбележани 80 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ударна бригада
Post Views: 406 Денеска во селото Сливово беше одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада. Делегации од Општина дебрца и ОО на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца и граѓани продолжувачи положија букети свежо цвеќе пред меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото каде што на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада.Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично...
37 годишен охриѓанец доби кривична за нелегално поседување оружје
Post Views: 600 На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.„При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.“- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...
Пронајдена почината 45 годишна жена во својот дом во Охрид
Post Views: 932 На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.
ЦЈЗ Охрид: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна
Post Views: 323 Денеска заврши комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7.11.2023 г. од градската водоводна мрежа во Струга, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.„Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна. Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.“ – велат од ЦЈЗ Охрид.Оттаму...
Вечерва премиера на „Лавиринтот“ на Народен театар Охрид
Post Views: 477 Народен театар Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе ја одигра новата премиера на претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.Билетите се продаваат по цена од 250 денари.
Ново детско игралиште во населба Рача
Post Views: 363 Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога.Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид.
Едно починато лице и две повредени во пожар на куќа во Требеништа
Post Views: 550 Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во село Требеништа – Општина Дебарца.„При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. “ – информираа од ТППЕ Охрид.Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид.
