Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и многу топло, УВ индексот со вредност 9

Views: 76 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Утре попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните.

Продолжи со читање

Во понеделник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Views: 73 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  30.06.2025 год.  (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци....

Продолжи со читање

Владините мерки за вработување презентирани пред охриѓани

Views: 106 Претседателот на  Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски во придружба на Заменик министерот  за економија и труд, Маријан Ристески  присуствуваше на Информативниот ден за Оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија  што денес се одржа во Охрид.Претседателот на Совет,  Перчо Божиноски  го поздрави  Владиниот Оперативен  план за вработување, а укажа и на активностите што општината ги презема со цел да се намали бројот на невработени лица. -Денешнава средба е исколучително важна и  е во насока на  поголемо и...

Продолжи со читање

„Заштити се од џебни кражби“, превентивна активност на СВР Охрид

Views: 97Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно спроведува превентивно едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.-Полициски службеници од Отсекот за превенција, на различни локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени, се вели во соопштението од МВР....

Продолжи со читање

Над 200 сорти вина, закуски од риба и незаборавна забава на Охрид Вино Фест

Views: 85 Утре започнува четвртото издание на охридскиот Фестивал на виното. Три дена охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на квалитетни вина, закуски и богата музичка програма.Охридскиот вински фестивал станува попрепознатлив белег на туристичката понуда на Охрид и оваа година ќе понуди вистинско уживање на брегот на Охридското Езеро, пред самиот старт на летната сезона. вели Градоначалникот Кирил Пецаков.„Би сакал да упатам благодарност до Македонските винарии кои во континуитет ја препознаваат можноста за презентација на својот бренд и оваа година...

Продолжи со читање

Еребицата Александар од Галичица со помош на GPS предавател ќе споделува информации за таинствениот живот на овие птици

Views: 80 Од Македонско еколошко друштво информираат дека машка единка од видот Alectoris graeca, Александар, доби GPS предавател и како нивен „соработник“ во следниот период ќе открива повеќе информации за таинствениот живот на овие птици.–Мониторингот на птицата Alectoris graeca (кај нас популарно позната како еребица камењарка поради тоа што живее во карпести предели) е дел од планот за управување на National Park Galicica и се реализира на секои 2 години во соработка со стручни лица од Македонското еколошко друштво (овој пат потпомогнати и од волонтери од Словенија). За таа...

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на водоводна линија на улица „Воденичарска” во Велгошти

Views: 100 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со реконструкција на дотраената и оштетена азбест-цементна (салонитна) водоводна линија на улица “Воденичарска” во с.Велгошти.Како што информираат од претпријатието, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа:– Профил ф225 мм во должина од 140 метри– Профил ф63 мм во должина од 78 метри– Профил ф25 мм во должина од 112 метриСредствата во вредност од 3.081.378,00 денари...

Продолжи со читање

Одлична организација на “ОХРИД ОПЕН 2025”-  Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди

Views: 132 Викендов во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот, од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот. Исто така учествува репрезентации од неколку...

Продолжи со читање