Автор: инфодеск
Post Views: 499 На 06.11.2023 година во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59 годишен жител од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал.„Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција.“ – информираат од СВР Охрид.
Свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ
Post Views: 241 По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида.Свежо цвеќе беше положено и пред спомен – обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор...
31 година Супер радио
Post Views: 220 Полни 31. година, охридското Супер радио, еден од најстарите приватни електронски медиуми во Република Македонија е со сериозна музичка мисија пред себе, затоа што работи во градот каде секогаш се слушала и пуштала најдобрата музика.Својата приказна ја започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија, а денес го прославува 31. роденден.– Повеќе од три децении ја пополнуваме тишината во преубавиот Охрид. Се будиме, се радуваме и плачеме, заедно, ги прославуваме сите успеси и ги регистрираме неуспесите, добрите ги...
79 години слободен Охрид
Post Views: 251 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. 79 години градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата.Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле. После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на...
Сончево со температура до 18 степени
Post Views: 253 Сончево време денеска во Охрид со максимална дневна температура до 18 степени. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.Во среда, во Македонија, ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок и сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид
Post Views: 715 Министерството за здравство во врска со смртниот случај на дете од година и единаесет месеци во Охрид, соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.Од Министерството вечерва потврдија дека детето утрово било донесено без знаци на живот во Охридската болница.” На Одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено...
12м3 отпад исфрлија езерските бранови на кејот
Post Views: 521 Нестабилните временски услови кои преовладуваа изминатиов викенд во охридскиот регион, пропратени со силен јужен ветар и интензивни врнежи, предизвикаа наталожување на големи количини реса, трска, муљ и најразновиден тешко разградлив отпад, кои брановите ги исфрлија вдолж градскиот кеј и пристаништето .Оперативните служби на ЈП Охридски комуналец” подигнаа 12 м3 отпад.Од јавното претпријатие посочуваат дека секојдневно се реализираат акции за подигнување кабаст и зелен отпад за ублажување на негативниот импакт кој поединци го оставаат во...
Eнергетската ефикасност во фокусот на Центарот за развој на Југозападен плански регион
Post Views: 244 Енергетската криза ги притисна општините да размислуваат за обновливи извори на енергија. Во фокусот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се проектите за подобрување на енергетската ефикасност. Годинава се реконструираа 8 објекти, училишта и општински згради, а на 6 објекти се поставија системи за фотоволтаици.Следната година проектите на Центарот на Југозападниот регион чинат 1 милион евра, од кои најголем дел повторно се наменети за енергетска ефикасност.„Во 2024 година практично е продолжување на активности со нови проекти...
Небезбедна за пиење водата од градскиот водовод во Струга и селата
Post Views: 383 Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга, евидентно е нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.„Од извршените првични, хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 06.11.2023 г. констатирана е зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.„-, информираат од Центар за јавно здравје...
Бебе во тешка здравствена состојба донесено во Општа болница, по реанимацијата била констатирана смрт
Post Views: 861 На 06.11.2023 во 07.44 часот во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство.„За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството.“ – информираат од СВР охрид.
Уште еден голем успех на Центарот БОБ – Црвен крст Охрид
Post Views: 259 На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа вчера, (5.11.2023) во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39 БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.На ПРЕСС средба со учесниците на VII-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид центарот ќе бидат ...
Изложба на книги од НОБ и Револуцијата во НУ Библиотека „Григор Прличев“
Post Views: 401 Во пресрет на празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“, во одделот за издавање, постави изложба од дела посветени на Охрид во НОБ и Револуцијата.Читателите и сите заинтересирани ќе можат да ја видат изложбата секој работен ден од 8 и30 до 18 и 30 часот.