Skip to main content

Автор: инфодеск

Градоначалник Пецаков

Пецаков со честитка до заедницата на Балканските Египќани

Views: 88 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 јуни, денот на Балканските Египќани.-Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и искрена соработка, градејќи соживот...

Продолжи со читање

Годинава трето издание на Ohrid Water Festival 

Views: 117 Од 16 до 30 август 2025 ќе се одржи третото издание на Ohrid Water Festival и Охрид повторно ќе биде домаќин на единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма.Предвидени се возбудливи спортски настани, изложби, едукативни презентации и концерти, а организаторите ќе ја објават наскоро целосната програма.

Продолжи со читање

Туристичката сезона го зголеми обемот на работа во охридските болници

Views: 85 Стартот на туристичката сезона го зголеми бројот на пациенти во охридските  болници. Најчесто се хоспитализираат  повредени од сообраќајни несреќи. Потоа повредени на плажа, давеници или со повреди од  тепачки.Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, велат подготвени се кадровски да одговорат на зголемените  потреби од интервенции и оперативни зафати.–Во моментов лекарски сме одлично екипирани на врвно ниво е здравствената услуга секако имаме потреба од дополнителни специјалности анестезиолози и...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Информативните денови за Оперативниот план за вработување продолжуваат во Охрид

Views: 89 Во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, во среда (25.06.2025 година) во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден.На овие средби покрај заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ќе бидат присутни и претставници од Општина Охрид, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.-На инфо деновите се поканети стопанските комори,...

Продолжи со читање

ТСТГ: Уште еден случај на самоволно узурпирање на јавен простор, до кога препреки ќе се поставуваат на јавен имот кој припаѓа на сите нас?

Views: 165 После сторијата од наши сограѓани за узурпирани јавни површини и поставување на рампи на јавни паркинг места, и брзата реакција на локалната самоуправа, жителите на Охрид повторно охрабрени за пријавување на слични случаи.Наш сограѓанин реагира за узурпиран јавен простор, овој пат кај училиштето за посебни потреби „Сончеви зраци“.-Гледам дека рубриката Ти Си Твојот Град одлично функционира. Сакам да пријавам узурпирано државно земјиште на самиот тротоар каде се поставени железни цевки и синџири. Неколку пати стари лица се сопнати на оваа препрека. Тука работи бараката...

Продолжи со читање

Детскиот фестивал „Поточиња“ во петок на сцената „Долни Сарај“

Views: 120 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“  во петок, 27 јуни, со почеток во 19:30 часот, на сцената „Долни Сарај“ ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ораханизаторите велат дека најмладите ги очекува вистинска музичка бајка, радост, музика и детска енергија на сцената.–Ве покануваме сите – мали и големи – да уживаме заедно во песна, игра и насмевки под отворено небо!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

jerusalem, israel, mosque, jerusalem, jerusalem, jerusalem, jerusalem, jerusalem, israel, israel

Прогласен прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Views: 97 Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека е договорено „целосно“ примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран, кое треба да стапи на сила во фази, потенцијално ставајќи крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“.Трамп изјави дека примирјето ќе се спроведува во фази во текот на 24 часа, и потоа Војната ќе се смета за завршена.Израелската влада потврди дека го прифатила предлогот за примирје претставен од Доналд Трамп, но истакна дека жестоко ќе одговори на секое негово кршење.-Израелската влада се согласи со предлогот за прекин на огнот откако ги постигна...

Продолжи со читање

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почуствуван и во Македонија

Views: 78 Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на Македонија.Потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје, а според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од пет километри.

Продолжи со читање