Skip to main content

Автор: инфодеск

Тимот GreenForce од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ меѓу 8те најдобри во државава

Post Views: 248 Тимот GreenForce од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ -Охрид со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger учествува во програмата на RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) – програма за идните млади социјални и зелени претприемачи.Во конкуренција од 31 пријавен тим, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите осум тима од цела држава.На 24.10.2023 г. тимот GreenForce составен од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од...

Продолжи со читање

Со промоција на книга за 60 год. јубилеј на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ започнува одбележувањето на Денот на ослободување на Охрид

Post Views: 401 Општина Охрид и Сојузот на борци со низа настани ќе го одбележат 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.Свеченостите започнуваат денеска со промоција на книгата: Детска градинка „Јасна Ристеска“ -краток историјат за периодот од 1950 до 1990 од д-р Никола Митровиќ. Промоцијата ќе се одржи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ (централен објект) со почеток во 12:30 часот.Утре, на празникот, делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ на градските гробишта, во градскиот парк, пред Основен суд Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“....

Продолжи со читање

Плакета УНИКА за документарецот „Киното Охридско Езеро“ на Љупчо Паункоски

Post Views: 418 Охриѓанецот Љупчо Паункоски ја доби плакетата  УНИКА за краткометражниот документарен филм „Киното Охридско Езеро“ на 31. издание на фестивалот „Манаки“.На 31-то издание на интернационалниот Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ пристигнаа вкупно 45 филмови од 10 европски земји, според одлуката на стручното жири, 16 од нив влегоа во официјална конкуренција.Љупчо Паункоски со документарецот го опфаќа периодот од 1924 година па се до денес односно дел од историјата на Охрид преку  Кино салата „ Охридско езеро“.  За...

Продолжи со читање

Сончево со мала облачност и температура до 18 степени

Post Views: 253 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој повремено ќе засилува.Максимланата дневна температура ќе се искачи до 18тиот степен.Во Македонија во вторник ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

40 години фолклорен ансамбл ОТЕКС

Post Views: 342 Со целовечерен свечен  концерт  што вечеравечер  се одржа во ЦК „Григор Прличев“ фолклорниот ансамбл  „Отекс Фолк“ од Охрид   одбележа 40 години од своето основање. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.„Задоволство и чест е да се присуствува на оваа свеченост на која одбележуваме  јубилејни 40 години од  основањето на фолклорниот ансамбл  „ОТЕКС  фолк“ од Охрид.  Јас верувам дека нема охриѓанец којшто не слушнал за ова фолклорно друштво, нема семејство  од  градов од кое барем еден член  не заиграл оро или не засвирил на некој...

Продолжи со читање

„Све ли ја да мислам” – Стендап спектакл на Бојан Велевски на текст од Божидар Божиновски (Моџо)

Post Views: 453 Актерот Бојан Велевски е на голема стендап  турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов „Све ли ја да мислам”, на текст на Божидар Божиновски (Моџо).Стендап турнеата започна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настапи Велевски насмеа над 5000 луѓе. За Бојан, настапот во Охрид му е од особено значење:„Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе...

Продолжи со читање

Учениците во ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” изведоа симулирана евакуација при пожар

Post Views: 343 На ден 3.11.2023 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” беше изведена симулациска вежба за евакуација при пожар.Вежбата, којашто беше наменета за учениците од прва и трета година, беше успешно спроведена во соработка со Црвен крст од Охрид. Членовите на Локалната младинска организација при ОЕМУЦ активно беа вклучени во оваа вежба. Во улоги на: редари, актери, одговорни за успешно евакуирање на учениците и на професорите, младинците беа на висина на задачата и уште еднаш се покажаа во најдобро светло.„Симулацијата започна со...

Продолжи со читање

Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин

Post Views: 1.469 На 03.11.2023 во 19.35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид.„По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја.“ – информира портпаролот на СВР Охрид.Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена...

Продолжи со читање

Угостителските услуги во октомври поскапи за 6,1 отсто

Post Views: 330 Цените на угостителските услуги во октомври годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.Кумулативно, за периодот јануари – октомври 2023 година, споредено со истиот период од 2022, цените се повисоки за 10.5 %, додека во однос на декември 2022 година, зголемувањето е 3.9 %.Цените на угостителските услуги во октомври, пак, во споредба со септември годинава, се повисоки за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и...

Продолжи со читање

Митровденска Задушница – помен и молитва за упокоените

Post Views: 558 Православните верници го одбележуваат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите на 7 ноември – Митровденска Задушница. Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а...

Продолжи со читање

Облачно со врнежи од дожд и температура до 14 степени

Post Views: 233 Oблачно и свежо време со врнежи од дожд не очекува денеска во Охрид. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. По утринските 12 степени во текот на денот температурата ќе се искачи до 14тиот степен.Во недела кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.

Продолжи со читање

ХОТАМ: По успешната туристичка сезона се очекуваат инвестиции во хотелскиот сектор

Post Views: 426 Топлото есенско време ја продолжи туристичката сезона на брегот на Охридското Езеро. Солидна исполнетост имаше заклучно до крајот на октомври, но и во ноември се очекуваат голем број семинари и конференции.Хотелиерите оваа зима нема да стават клуч на врата,како претходните две години во пандемијата,  преодниот период до новогодишните празници, велат  ќе го искористат за инвестиции и подобрување на условите во сместувачките капацитети.  „Се што е оштетено треба да се обнови, да се доградат некои нови, да се заменат стари работи.Видливо е...

Продолжи со читање