Skip to main content

Автор: инфодеск

Св Вартоломеј и Варнава

Денес е празник на Светите Вартоломеј и Варнава – Вртолум

Views: 168 Меѓу  празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се...

Продолжи со читање

Денес сончево и максимални температури до 30 степени Целзиусови

Views: 97 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес температурите во Охрид во интервал од 12 до 30 степени Целзиусови.Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C, велат од УХМР. Во нивното соопштение додаваат дека во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку...

Продолжи со читање

Слалом низ тезги и чадори за да си дојш дома

Views: 189 Типично охридско секојдневие: жители и гости посетители на зелениот пазар не можат да поминат од диво поставените тезги на потегот од Стариот Чинар спрема влезот на пазарот. Жени со бебешки колички, луѓе со колички за на пазар и сите минувачи мака мачат со сè помалиот простор за врвење низ тезгите.-За да си дојдеме дома, мора да се провираме меѓу тезгите, чадорите и масите по пазарот, поставени буквално по средината на уличката. За жал, јавниот простор во Охрид уште е окупиран без контрола, но на нарушениот јавен ред и урбан хаос во центарот мора да му дојде крајот,...

Продолжи со читање

Свикана 58. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 92 Свикана е 58. седница на Советот на Општина Охрид на ден 30.06.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 57-та седницаПредлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид...

Продолжи со читање

Прекин вода

Во среда без вода ќе бидат корисниците на улиците „Петрино“, „6-та Бригада“, „28-ми Април“, „130“ и „Радојца Новичиќ“

Views: 67 Од ЈП Водовод – Охрид информираат дека поради реализација на проектот за подобрување на водоводната мрежа на ул.Кленоец на ден 25.06.2025 год., среда, во периодот од 08:00-18:00 часот вез вода за пиење ќе бидат корисниците на улиците „Петрино”, „6-та Бригада”, „28-ми Април”, „130″ и „Радојца Новичиќ”.

Продолжи со читање

Амбасадорката на Литванија Дамбраускиене во работна посета на Охрид

Views: 79 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Амбасадорорката на  Литванија во државава, Н. Е.  Вилма Дамбраускиене.Високата гостинка од Литванија беше информирана за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром  „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен благодарение на изградбата на новите автопатски делници. Стана збор и за...

Продолжи со читање

Охридскиот детски хор „Бамбино“ организира аудиции за дечиња од 6 до 14 години

Views: 107 Во рамките на проектот Културата расте со децата „За сите деца“, продолжува со работа Охридскиот детски хор „Бамбино“.Охридскиот детски хор „Бамбино“ за сите деца кои поседуваат исклучителен талент за пеење, чиста интонација и се на возраст од 6 до 14 години, секоја среда во просториите на Младински културен центар – Охрид ќе организираат аудиции за пеење, а дечињата треба да имаат подготвено една едноставна песничка.–Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на припадност, порачуваат...

Продолжи со читање

ЈП Охридски Комуналец: Мапирани дури 16 мини-депонии, подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад

Views: 71 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека се мапирани дури 16 мини-депонии, а подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад.Во нивното соопштение додаваат дека со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација расчистени дури 16 мини-депонии на различни локации во градот каде се подигнати се 36м3 кабаст и зелен отпад.–Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме, се вели во соопштението од ЈП Охридски...

Продолжи со читање