Skip to main content

Автор: инфодеск

И покрај вонредните акции на Комуналец, продолжува несоодветното одлагање отпад

Post Views: 267 И покрај вонредните акции за зелен и кабаст отпад, граѓаните тешко ги менуваат своите навики покажувајќи ја само ниската еколошка свест, велат од ЈП Охридски Комуналец.„И покрај нашите редовни акции според годишниот календар за 2023 год., кои на транспарентен начин навремено се објавуваат за полесно да допрат до граѓаните од секоја урбана заедница, секојдневно сме соочени со расфрлање на отпад и создавање мини депонии во секое урбано катче.„ – посочуваат од комуналното претпријатие.Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминативе...

Продолжи со читање

Караванот на знаење на Семос Едукација на 11-ти ноември пристигнува во Охрид

Post Views: 340 Караванот на знаење на 11.11.2023 пристигнува во Охрид. Семос Едукација организира караван на знаење низ серија бесплатни предавања со цел да ги подготви заинтересираните за најбараните и најплатените професии денес.„Едукацијата е најважната патека кон иднината која сами ја креираме. Едуцирај се бесплатно.“ – порачуваат од Семос. Бесплатните предавања ќе се одржат во Касaрна Хаб според следниот распоред:– „Која е улогата и важноста на Софтвер тестерите во IT компаниите?“ со Фисник – ISTQB and Microsoft Certified Instructor | 11:00h...

Продолжи со читање

Конкурс за избор на најдобра поема “Григор Прличев”

Post Views: 355 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид објавува конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема...

Продолжи со читање

200 семејства добија хуманитарни пакети во неделата на борба против гладта

Post Views: 325 Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид под мотото “Помислете и на нас” и оваа година ја реализираше кампањата по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).Во текот на кампањата беа реализирани активности со поддршка на Лајонс клуб Десарети и Лајонс клуб Деница, како и собирни акции на храна во сите основни училишта од Охрид, како и во повеќето поголеми маркети низ градот Охрид, каде хуманите граѓани имаа можност да донираат храна и средства за хигиена за помош на најранливите.Во текот на...

Продолжи со читање

Се заменуваат оштетени реквизити на детските игралишта

Post Views: 223 Денеска започна замена на оштетените детски реквизити. Првично се менуваат реквизитите на детските игралишта кај каналот Студенчишта и на улица “Кеј Македонија”.Акцијата за промена на оштетените детски реквизити ќе продолжи и на другите игралишта. Вредноста на проектот изнесува 403 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Антонио Крстаноски, студент на ФТУ Охрид, награден од АСО за најдобар истражувачки труд

Post Views: 295 Антонио Крстаноски, студент на ФТУ Охрид, е добитник на наградата за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето која ја доделува Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Наградата на младиот научник му ја додели проф. д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО. Плакетата на Крстаноски му беше доделена по повод одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето –1 ноември, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.Трудот...

Продолжи со читање

Распишан Конкурс за нови песни и изведувачи за јубилејното 25 издание на „Распеано рибарче“

Post Views: 358 Организациониот одбор на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“ распиша Конкурс за нови песни и изведувачи за јубилејното 25 издание на фестивалот што ќе се одржи во април 2024 година во Охрид.За подробни информации заинтересираните можат да се јават на: 070 232 909 Јовица Каралиевски, 070 261 294 Димче Китрозоски, 075 337 010 Милчо Јованоски  а за учество во балетските групи на 078 266 195 Елизабета Здравеска и на 070 331 593 Мери Димзоска.Конкурсот е отворен до 10 декември.„Се‘ за радост во очите и насмевки на усните на нашите деца.“ –...

Продолжи со читање

Прекин на водоснабдувањето на „Егејска“, „7ми Ноември“ и „Марко Нестороски“

Post Views: 272 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улиците : „Егејска“, „7ми Ноември“ и „Марко Нестороски“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Облачно со врнежи од дожд и температура до 21 степен

Post Views: 315 Денеска во Охрид облачно со врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Максималната дневна температура до 21 степен.Од УХМР предупредување дека денес ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Продолжи со читање

Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 7-ми Ноември Денот на ослободувањето

Post Views: 424 Општина Охрид и Сојузот на борци со низа настани ќе го одбележат 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.Свеченостите започнуваат на 06.11.2023г (понеделник) со промоција на книгата: Детска градинка „Јасна Ристеска“ -краток историјат за периодот од 1950 до 1990 од д-р Никола Митровиќ. Промоцијата ќе се одржи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ (централен објект) со почеток во 12:30 часот.На 07.11.2023г на празникот делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ на градските гробишта, во градскиот парк, пред Основен суд Охрид и во...

Продолжи со читање

Во недела ќе се одржи третиот Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“

Post Views: 345 Tрет хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ ќе се одржи во недела, 5-ти ноември во 9 часот.„После три години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се сеуште инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година. Истиот ќе започне во близина на неговиот дом т.е. на спортското игралиште „Стобекс“ н. Видобишта – Манастир Свети Никола, Велгошти и назад.“ – информираат организаторите....

Продолжи со читање

ГКК Охрид утре на домашен терен против шампионот МЗТ Скопје

Post Views: 425 Охридските кошаркари утре ги продолжуваат натпреварите во Првата македонска лига.ГКК Охрид во шестото коло на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион МЗТ Скопје. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.Во досегашниот тек на првенството ГКК Охрид има четири порази и една победа.

Продолжи со читање