Skip to main content

Автор: инфодеск

Седниците на Совет на Општина Дебрца ќе се пренесуваат во живо на YouTube

Post Views: 355 Деновиве преку Програмата за развој на Обединетите Нации/ УНДП, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” обезбедена е и монтирана опрема, со која ќе се обезбеди пренос во живо на седниците на советот на општина Дебрца.Останува да се инсталира софтверот и да се отвори YouTube канал, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.„Наша континуирана заложба е да обезбедиме отворена и транспарентна општина.“ – посочува градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески....

Продолжи со читање

Јавна анкета и презентација на ЛУПД за објекти за времено сместување во Трпејца

Post Views: 441 Oпштина Охрид организира Јавна анкета и Јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4–времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со техн.број 01/19 од март 2023 год. изработена од Друштво за проектирање и градба “СНЕГАР Компани” дооел Охрид. Планскиот опфат за ЛУПД за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4 – времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со површина од 122.01 м2, е во рамки на катастарската парцела КП бр. 1544/1 во...

Продолжи со читање

ЗП „Великамен“ заедно со здружение на глуви и наглуви лица организираше планинарска акција на Магаро

Post Views: 321 Изминатиот викенд, Здружението на планинари „Великамен“ заедно со заедно со здружението на глуви и наглуви организираше планинарска акција на врвот Магаро.По двете акции со децата со посебни потреби од здружението „Тајните на моето срце”, ЗП „Великамен“ продолжува со својата мисија за вклучување на специфични граѓански групи во своите редовни активности.„Ни претставува огромна чест и големо задоволство што сите наши досегашни акции од овој вид беа успешни и посетени. Остануваме отворени за соработка со други здруженија на граѓани“, велат водичите...

Продолжи со читање

Свети апостол и евангелист Лука

Post Views: 354 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври, ден на Св. апостол и евангелист Лука, празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони. Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 361 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 21 степен.Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Општина Охрид: Смешни и несериозни се празните соопштенија на СДСМ Охрид

Post Views: 442 Смешни се и во најмала рака несериозни сите празни соопштенија на ОО на СДСМ од Охрид, во кои се прозива оваа Локална власт, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и воопшто не се вредни за коментирање или одговор, стои во реакцијата на Општина Охрид на денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид во врска со состојбата на дел од детските и спортските игралишта.“Но, денешното соопштение во кое за ситни политички поени се злоупотребуваат интересите на децата, го достигна врвот на неинформираност и дезорентираност на партиските писатели и нарачатели....

Продолжи со читање

Урбанистичко дивеење на Јабланица

Post Views: 609 Се повеќе дивоградби на падините на Јабланица. Еколозитеалармираат, без дозвола за градба се градат вили и викендици во атрактивните шумски предели. Се случува целосна деградација, се сечат шумски комплекси, се градат патишта , се бетонира.Критично е во Лабуништа, Горна Белица,Вишни,но и во и околу  сите петнаесеттина  населени села.„Се злоупотребува терминот урбанизација, мислам дека тоа е дивеење, урбанизација е планска изградба,планско проширување и уредување на населбите, кај нас тоа  се случува на див криминален начин каде што се...

Продолжи со читање

Одземени шест возила на територија на СВР Охрид поради сомнение за фалсификат

Post Views: 565 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат.„По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица. Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и  по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: На што ли личат детските игралишта ?

Post Views: 348 ,,За вистински можности за правилен раст и развој на децата” гласеше ,,визијата” со која Пецаков и ДПМНЕ пред две години најавуваа градежен бум во областа на терени и игралишта за деца и млади, се вели во соопштението за јавност од ОО на СДСМ Охрид.„Како добронамерени граѓани би дале громогласен аплауз на нивното ветување, бидејќи вистина децата се нашата иднина. НО ! Неспособната локална власт предводена од ДПМНЕ ја уништува секоја добронамерна поддршка и верба која граѓаните им ја поклонаа.Раскош на разочарување, наместо пофалба за...

Продолжи со читање

Координирани акции за сузбивање на нелегална сеча на дрва

Post Views: 404 СВР Охрид во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи-Запад (РЦ за ГР Запад), Шумска полиција и ЈП Национални Шуми, преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на кривичните дела „нелегална сеча на дрва”, пустошење шуми” и „кражба на дрва”.  „СВР Охрид континуирано одделно но и во координариани акции со други надлежни институции презема мерки за сузбивање на овој криминал. Овој вид на криминал најчесто се врши во шумските појаси на...

Продолжи со читање

Охриѓанец доби кривична за овозможување употреба на наркотични дроги

Post Views: 971 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.„Тој, откако набавил наркотична дрога кокаин, истата му ја продал на лице од Струга и му овозможил користење во просториите од ноќен клуб во Охрид лоциран на брегот на Охридското езеро.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Св. маченици Кoзма и Дамјан Бeсрeбрeници

Post Views: 370 Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, налето и наесен.Меѓу поголемите есенски празници спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан.Има три свeти врачи кoи сe викалe Кoзма и Дамјан. Eднитe мирнo сe упoкoилe на 1 нoeмври, другитe билe камeнувани вo Рим на 1 јули, а oвиe трeтитe билe oд Арабија и за нив станува збoр пoд дeнeшниoт датум. Билe лeкари пo занимањe и кoга ја примилe Христoвата вeра лeкувалe бoлни сo имeтo на Гoспoда Исуса Христа. И сe прoчулe на ситe страни заради свoeтo чудoтвoрствo. Злoбнитe нeзнабoжци...

Продолжи со читање