Автор: инфодеск
Views: 73 По седми пат, во недела, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“.-Фестивалот ќе собере различни хорови, а публиката ќе може да ужива во различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани и да биде дел од магијата што ја носи хорската уметност., велат организаторите.Со годинашното фестивалско издание ќе биде одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“.Организаторите информираат дека охридските...
Стопирана изградбата на објектот во старата охридска чаршија, пријава за инвеститорот
Views: 155 Oбјектoт кој се гради во Старата охридска чаршија, во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, е дивоградба утврди Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам преку вонредна контрола.При увидот, инспекторите констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење.-Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за...
Вечер ќе биде изведена детската претстава „Во царството на другарството“
Views: 98 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, вечерва од 19:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена претставата „Во царството на другарството“, на Театар Хит од Скопје. Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги играат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.
22-годишник од прилепско синоќа со возило удри во двајца пешаци во Охрид и усмрти 44-годишна охриѓанка
Views: 55 На 19-ти јуни 2025 година, во 22:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булевар „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишниот И.С. од прилепското село Пашино Рувци, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П.,...
Денеска заедничка крводарителска акција на Црвен крст Охрид и Костал
Views: 66 Денес во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Црвен крст Охрид во соработка со компанијата Костал, организира Крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид, наменета за вработените. -Ги повикуваме сите вработени да ја покажат својата хуманост и да ја донираат својата скапоцена течност, велат од Црвен крст Охрид.
Маченички Калерија (Валерија), Кириакија и Марија во Кесарија Палестинска
Views: 59 Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Беа мачени и убиени во 304 година. Така овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.
УХМР: Сончево и топло со мала до умерена облачност
Views: 61 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 14 до 27 степени Целзиусови.Викендов времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.
Подигнати 104м3 кабаст отпад од Пештани
Views: 89 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека успешно е реализирана вонредната акција за подигнување кабаст отпад во Пештани каде се подигнати енормни количини кабаст отпад.-Во вонредната акција за подигнување кабаст отпад која Ј.П.,,Охридски Комуналец” ја организира во с.Пештани, подигнати 104м3 кабаст отпад (кабастиот отпад транспортиран во 15тури со трактор и 2 тури со камион), велат од претпријатието.








