Автор: инфодеск
Post Views: 280 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Утринската температура до 7 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 20-тиот степен.Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.фото: Ѓоко Симјаноски
Казнети два маркети од струшко за непочитување на гарантирани цени
Post Views: 548 Два маркети од струшко заработија парични казни по 3 200 евра , а еден доби и забрана за работа. Ова е епилогот од засилените контроли на пазарниот инспекторат во Струга изминатиов месец.Дел од трговците не ги почитуваат одлуките на владата за гарантирани цени на прехрамбените производи, пијалоци и овошје и зеленчук. Не се јасно обележани производите со налепница, но и не се намалени за 10%.„По одлуките на владата извршени се вкупно 45 надзори со записник и издадени се два платнени налози во вредност од 6 400 евра. Инспекторите се постојано на...
Студијата за влијание врз животната средина за регионалната депонија во Новаци достапна за увид
Post Views: 237 Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион, за потребите на инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање е ставена на увид.„Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање – Сектор за одржлив развој и...
Утре извлекување на наградите од акцијата на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“
Post Views: 428 Извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ ќе се изврши сабота, 28.10.2023 година во 18:00 ч.Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtube.com/live/E7PiXnUX1VE?feature=shareДоколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна...
Денеска е Преподобна Параскева – Петковден
Post Views: 362 Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева – Петковден, во народот позната како Света Петка. Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се...
Акција за зелен отпад во Горна Влашка маала, нас. Христо Узунов и Карабегомаала
Post Views: 339 Утре ќе се спроведе акција за подигнување зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 28.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од ЈП Охридски Комуналец.Зелениот отпад треба да е...
Работилница за кариерно советување во Младински центар Охрид
Post Views: 289 Младински Центар Охрид во понеделник, 30 октомври организира работилница за кариерно советување.„Ве покануваме да бидете дел со што тоа ќе биде отскочна даска за вашиот кариерен напредок. Научете што е потребно за успешна апликација за работа и како да се претставите во најдобро светло. Ќе биде презентирана и нова методологија имплементирана од Германски Институт во Р.Македонија – ProfilPASS, која се покажа за успешна со што вие ќе бидете потенцијалните кандидати кои ќе имаат бесплатен пристап, велат од Младински Центар Охрид.Работилницата ќе се одржи во...
Општина Охрид позитивен пример за имплементација на младински политики
Post Views: 214 Општина Охрид беше посочена како позитивен пример за имплементација на младински политики на локално ниво, на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“, која започна денеска во Скопје.На конференцијата свое учество зедоа претставници од Младинскиот центар и Советот на млади од Охрид, a во името на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, обраќање пред присутните имаше раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации, Јоне Станкоски.Младинските...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 304 Денеска во Охрид ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 21 степен.Од сабота во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Се намалува невработеноста во струшко
Post Views: 976 Се намалува невработеноста во струшко. Во регистарот на подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга се запишани 2814 невработени лица, што е намалување од 5% во однос на претходниот период. Загрижува тоа што расте бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа, а меѓу нив голем е бројот на млади лица, кои не бараат работа, само користат здравствено осигурување. „Имаме млади лица кои што не сакаат да работат се пријавуваат само за социјално односно здравствено осигурување. Затоа ми многу ми е жал од една страна имаме недостиг на...
Општина Охрид и оваа година е дел од ЦИППС програмата на универзитетот Лунд од Шведска
Post Views: 296 По успешно реализираниот проект во минатогодишниот циклус, Општина Охрид и оваа година е дел од ЦИППС програмата за Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска. Веќе е формиран работен тим од стручни лица, координиран од обучен тренер на Општина Охрид. Во реализацијата на проектот планирано е да се вклучат и претставници на Национален парк „Галичица“.За таа цел денеска во просториите на националниот парк се одржа состанок на кој присутвуваа членовите на работниот тим, претставници на стручните...
Завршија националните Куп натпревари за охридските стрелци
Post Views: 331 Завршија Куп натпреварите во националниот систем на натпревари, во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.Имено на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп на 14.10.2023 год се одржа четвртиот, а воедно и последен редовен Куп од предвидените во системот на натпревари во организација на Македонската спортска стрелачка федерација.Во отсуство на нашите најдобри стрелци Јована Милевска и Бојан Спасеновски, а поради смената на нови, помлади генерации, падна и рејтингот на двата охридски клуба- СК ,,Охрид“ и ЖСК ,,Лихнидос“Сепак резултатите се...
