Автор: инфодеск
Views: 97 Во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот предмет против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Двајцата обвинители побараа Мерко да биде прогласен за виновен бидејќи и вербалните и материјалните докази , но и исказите докажале дека тој свесно ги повредил законските прописи, а нанел и финансиска штета.-Градоначалникот постапил спротивно на законот за основни училиште Дали ако нема соудителна пресуда ке ја обжалите, Да за тоа нема двоумење, вели Џемал Лога...
По 7 години повторно отворен етно-комплексот „Македонско село“
Views: 240 По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно, во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.–По цели седум години запуштеност, денес му даваме нов живот на просторот што сведочи за тоа кои сме. Преку транспарентен и законски спроведен процес за избор на концесионер, овозможивме „‘Македонско село’...
Безживотно тело пронајдено на плажата на Кеј Македонија
Views: 136 Околу 14 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата на Кеј Македонија, пронајдено е безживотно тело. Информацијата за ТВМ ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На местото на настанот интервенирала екипа на брзата помош.-Докторите констатирале смрт, а врз телото немало траги на насилство. Местото е обезбедено од полицијата и во тек е увид, истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан, додаде Димоски.
Во охридската библиотека одржана третата годишна средба на роднокрајни автори
Views: 62 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ вчера го објави Алманахот „По стапките на Прличев“.–Годинава одбележуваме 80 години од стандардизацијата на македонскиот јазик и 195 години од раѓањето на Прличев. И на овој начин го славиме нашиот убав и милозвучен македонски јазик, изјави носителот на проектот и уредникот на алманахот м-р Милчо Јованоски.Во Алманахот се застапени стиховите и прозата од вкупно 34 автори, а книгата е доказ дека Охрид не е само град на историја, туку и на инспирација, на...
Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“
Views: 110 На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет.Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската душа, копнежот по страст, слобода и трагичниот судир...
Денес боево гаѓање на „Бејбунар“, граѓаните да се придржуваат кон насоките на полициските службеници
Views: 63 Денес со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат...
Преподобен Висарион, чудотворец Египетски
Views: 99 Роден и воспитан во Египет. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети свети Герасим на Јордан и го чу свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда заради полза на луѓето, а во слава на...
Денес сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно
Views: 85 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно време со пораст на температутите.Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 16 до 28 степени Целзиусови.








