Skip to main content

Автор: инфодеск

Поднесена кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид за трговија со дрога

Post Views: 458 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.„При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Во атарот на с. Брежани пронајден починат 60 годишен маж од Охрид

Post Views: 592 Вчера во 15:10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во месноста „Гумништа”, атар на селото Брежани, општина Дебрца, бил пронајден починат 60 годишен маж од Охрид.„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Со 20 медали се вратија нашите таеквондисти од меѓународниот натпревар „Србија Опен 2023”

Post Views: 379 Грст медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација на Меѓународниот А класа Таеквон-до ИТФ натпревар „Србија Опен 2023” каде учествуваа 45 клубови од 15 земји со над 400 натпреварувачи.Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација беше предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, 2 официјални лица, 2 национални тренери и 3 асистент тренери, а на овај престижен натпревар правдата ја делеа и 4 наши меѓународни судии, додека боите на М.Т.Т.Ф. ги бранеа 18 натпреварувачи.Миа Танескa се закити со 3 златни медали и пехар за најдобра...

Продолжи со читање

Наскоро шеста сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Post Views: 324 Наскоро ќе се спроведе шестата сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ во охридско-струшкиот регион на Здружението на пациенти „Ретко е да си редок“ од Охрид, поддржано од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ и стручниот лекарски колегиум.„За нас ова беше работно лето. Со заеднички консултации и истражувања стигнавме до 100 различни ретки дијагнози кои се обработени со соодветни текстови и фотографии, лесни и разбирливи за сите, се со цел да предизвикаме поголема емпатија кон лицата кои се дијагностицирани како ретки во овој...

Продолжи со читање

Денеска свечено доделување дипломи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Post Views: 359 Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод новата генерација дипломци.Ова е посебна можност заеднички да го прославиме дипломирањето на нашите студенти и да ги поддржиме во нивната образовна цел, велат од УИНТ.Церемонијата ќе започне во 12:00 часот.

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 276 Денеска времето во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Mаксималната дневна температура до 20 степени.До петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Продолжи со читање

Хуманитарен турнир во мал фудбал по повод ослободувањето на Охрид

Post Views: 381 7-мо Ноемвриски хуманитарен турнир во Мал фудбал во организација на ЈП Билјанини извори и Општина Охрид. Турнирот се одржува по повод чествувањето на 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид.На турнирот ќе учествуваат 12 фудбалски тимови (ЈП “Билјанини Извори”, Општина Охрид, ЈП “Охридски Комуналец”, ЈП “Градски Пазар”, ЈП “Водовод”, ЈП “Нискоградба”, ЕкоШпар, Костал, Магна, Жито леб-Екстра Скопско, ЛТХ Леарница и АСП-ПАК) распоредени во 4 групи по три тима.Натпреварите од турнирот ќе...

Продолжи со читање

И покрај иницијативи и ветувања Југозападниот регион без Дом за стари лица

Post Views: 316 Во целиот Југозападен регион нема ниту еден Дом за стари лица. Пред речиси една деценија струшките пензионери, поддржани од сите пензионерски здруженија во регионот  поднесоа иницијатива за изградба на достоинствен Дом за стари лица.Велат, луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите,евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.„Жално е што доаѓаат овде и викаат еве ви ја пензијата згрижете не. Децата ни заминаа, нема како да живееме.ние. А сакаме и Тв, сакаме и штампа и се што сака денешниот човек, За...

Продолжи со читање

Тепачка, говор на омраза и сообраќајни прекршоци во полицискиот билтен

Post Views: 316 Тепачка, говор на омраза на фејсбук и сообраќајни прекршоци во полицискиот билтен за изминативе 24 часа на територија на СВР Охрид.Синоќа во 21.10 часот, на улицата ,,Гоце Делчев“ во Охрид, приведени се 24 годишник  и малолетник, двајцата од Кичево. Тие, претходно физички  нападнале 28 годишник  од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера од 14 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на моторни возила кои,...

Продолжи со читање

Од утре започнува бесплатната и комерцијалната вакцинација против грип

Post Views: 254 Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје во Охрид, Струга и Дебар. Имунизацијата ќе се одвива секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.  За граѓаните кои спаѓаат во петте ризични категории: лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години вакцинацијата е бесплатна. Оние кои се пријавиле на порталот vakcinacija.mk преку СМС порака или на е-mail ќе добијат точен термин за примање на вакцината.Покрај бесплатната...

Продолжи со читање

И во есен Охрид полн со туристи

Post Views: 310 Убавото есенско време и поволните аранжмани причина за солидна исполнетост на главниот туристички центар и во овој период од годината.Забележително е присуство на голем број странски групи а најактуелни се балканските кружни тури.Според туристичките работници 2023 испишува рекорди по посетеност и број на ноќевања, како никогаш претходно годинава имаше туристи од сите страни на светот.„Видно може да се забележат туристи од соседните земји, туристи од Турција, туристи од Скандинавските земји, а сето тоа допринесува Охрид да живее во една убава...

Продолжи со читање

Пецаков: Го носиме кодот на нашите предци и знаеме да ги пребродиме сите предизвици

Post Views: 230 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Овој ден е потврда дека милениумското постоење на македонците, било со постојана борба за себеидентификација од антиката па се до денес, вели во честитката Пецаков.„Македонците се борат затоа што се храбри, трпат затоа што се мудри, простуваат затоа што се Богуугодни. И најважно од се знаат одново и одново да градат за себе и за сите други кои ги споделуваат ваквите вредности. Јас сум уверен дека како генерација го носиме...

Продолжи со читање