Skip to main content

Автор: инфодеск

ЦУК: Реката Далјан излеана, поплавени куќи во Охрид

Post Views: 169 Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.Од таму додаваат дека во Битолскиот и Преспанскиот регион поради обилните врнежи од дожд е забележано зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе...

Продолжи со читање

Божиќна честитка на градоначалникот Кирил Пецаков

Post Views: 132 По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот  Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.‎– Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ.‎Денеска ја славиме надежта, љубовта и  човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност.‎Нека радоста...

Продолжи со читање

Два одделни случаи во струшко: пронајденo огнено оружје кај селата Ливада и Корошишта и приведено лице од Франгово за пиротехнички средства

Post Views: 160 На 06.01.2026 во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми.–Увид на местото извршија полициски екипи по што, пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок, соопшти Димоски.На 06.01.2026 во 17:30 часот, во ОВР Струга приведен бил 26-годишен жител на струшкото село Франгово.–При претрес во деловен објект во истото село во...

Продолжи со читање

Кривична пријава за бесправно градење: 66-годишник од Лескоец нелегално изградил објект кај „Дебело поле“

Post Views: 269 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.-Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Денес се празнува Рождеството на Исус Христос – Божиќ 

Post Views: 155 Денес православните верници го празнуваат Божиќ, големиот христијански празник посветен на раѓањето на Исус Христос. Божиќ претставува симбол на љубовта, мирот, надежта и новиот почеток.Празникот се одбележува по вчерашната Бадникова вечер, кога во домовите се собира семејството, се крши бадниковата погача и се испраќаат пораки за здравје и благосостојба. Утрото на Божиќ започнува со традиционалниот поздрав „Христос се роди“, на кој се одговара „Навистина се роди“.Во црквите низ земјава се служат свечени божикни литургии, а верниците со молитва и духовна...

Продолжи со читање

Нестабилно време во Охрид: дожд, силен ветер и снег на повисоките места

Post Views: 177 Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските...

Продолжи со читање

Бадниковата литија го најави Христовото раѓање во Охрид

Post Views: 143 ‎‎Традиционалната Бадникова литија која го најавува Христовото раѓање се одржа и денеска во Охрид и покрај дождливото време.‎Со своите коледарски песни, најмладите ја најавија радоста на големиот христијански празник и ја пренесоа празничната атмосфера низ охридските улици и Центарот за култура. И покрај дождливото време, литијата помина во духот на заедништво и верата.‎По традиција, коледарите со коледарски подароци ги даруваа градоначалникот Кирил Пецаков, советниците во Советот на Општина Охрид и пратениците од Македонското...

Продолжи со читање

Бадник – предвесник на Рождеството Христово Божиќ

Post Views: 152 Православните христијански верници во земјава го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на коленоСемејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со повремен локален дожд

Post Views: 145 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР најавуваат дека утре ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во...

Продолжи со читање

Официјално стартуваше пилот-проектот е-Фактура

Post Views: 170 Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија.Новиот електронски систем, посочи министерката, ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи.– Со тоа...

Продолжи со читање

Доделена опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

Post Views: 147 -Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и европско управување со отпадот, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Битола каде беше промовирана опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.Според премиерот Мицкоски, со испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад се прави конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните.– Оваа опрема не е...

Продолжи со читање

Возел 188 км/ч на патот Кичево–Охрид: Уапсен 29-годишник од Мешеишта

Post Views: 185  На 4 јануари 2026 година, во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишно лице од селото Мешеишта, Општина Дебарца, со престој во Германија.– При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило марка „Ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот...

Продолжи со читање