Skip to main content

Автор: инфодеск

Свеќи

Светиот пророк Мојсеј Боговидец

Views: 111 Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на свети Василиј Велики, Мојсеј беше предобраз на Христа. Се јави на гората Тавор при...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Views: 114 Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денес темппературите од 14 до 24 степени Целзиусови.До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Продолжи со читање

Шајн: Од кога е неисправна водата во ОУ „Братство и Единство“ – Лескајца и зошто?

Views: 203 Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, д-р Асен Шајн, преку допис до медиумите јавно поставува прашања во врска со квалитетот на водата во ОУ „Братство и Единство“ во Лескајца, однонсо дали истата е исправна за употреба. Шајн посочува дека учениците и вработените во училиштето биле информирани дека водата не е безбедна за пиење и дека децата треба сами да си носат вода. Тој бара од надлежните институции да дадат одговори за тоа од кога е утврден проблемот и што покажале направените анализи.„Од кога е неисправна водата? Што покажале анализите? Која е причината? И дали е испитана...

Продолжи со читање

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа средба на Комисијата за дуално образование

Views: 159 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, вчера се одржа редовната средба на Комисијата за дуално образование, организирана од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (AHK).На средбата беа презентирани активностите и резултатите од спроведувањето на дуалното образование во изминатата учебна година, со посебен акцент на соработката меѓу училиштето, компаниите и институциите вклучени во овој модел на образование.Претставниците на Комисијата разговараа и за планираните активности за тековната учебна година, со цел дополнително унапредување на...

Продолжи со читање

autumn, cycling, woman, bike, groceries, fresh food, healthy lifestyle, urban, city, street, fall, season, transportation, outdoors, eco friendly, organic, vegetables, produce, helmet, lifestyle, sunny, daylight, active, ai generated

РСБСП: Оставете го автомобилот кога можете, пешачете, возете велосипед и користете јавен превоз

Views: 161 Во периодот од 16 до 22 септември се одбележува Европската недела на мобилност, кампања која има за цел да ги поттикне граѓаните да ги променат секојдневните навики во движењето и да избираат поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.По тој повод, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до граѓаните, кога е возможно, да го остават автомобилот и да изберат пешачење, велосипед, јавен превоз или споделено патување.Од РСБСП посочуваат дека зголемениот број автомобили во градските средини придонесува за сообраќаен...

Продолжи со читање

Археолошкото богатство во земјава чека подобра промоција и дигитализација

Views: 155 Охрид е археолошка ризница,  располага со околу 200 регистрирани археолошки локалитети. На ниво на држава, има повеќе од 5.000. Но, бројката е далеку од конечна. Археолошките истражувања и новите градежни  зафати постојано откриваат нови наоѓалишта.Потребна е поголема заштита, промоција и поврзување на археолошкото богатство со туризмот.„Меѓутоа, за да стигнеме до промоцијата, најпрвин локалитетите треба да се доведат во добра состојба, перфектна состојба, би рекол, со сите потребни елементи – патеки, сега да не ги набројувам, табли за...

Продолжи со читање

Уписите во „Акваспирит“ сè уште траат, започнаа тренинзите во покриениот базен во Струга

Views: 298 Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид од денеска ги реализира часовите и тренинзите во покриениот пливачки базен во Струга.Од клубот ги информираат родителите и пливачите дека уписите сè уште се во тек, а заинтересираните имаат можност да се приклучат на клубот и да бидат дел од пливачката сезона.Од клубот ги повикуваат сите заинтересирани да се приклучат и заедно со останатите членови да ја започнат новата сезона.За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 077/703-686 и 078/355-291.

Продолжи со читање

Расте бројот на иницијативи до Уставниот суд, но довербата во судството останува предизвик

Views: 156 Потребни се радикални промени за зголемување на довербата во судството. Од Уставниот суд на земјава велат дека засилено работат на поголема транспарентност и отвореност. Одлуките се образложуваат пред јавноста, а седниците на Судот се пренесуваат во живо, со цел граѓаните непосредно да имаат увид во аргументите врз кои се носат одлуките.Дека расте довербата, потврда е и рекордниот број иницијативи поднесени годинава до Уставниот суд.„Со овие два значајни чекори што ги направивме, во првата половина на оваа година бројот на иницијативи што пристигнале до Судот е...

Продолжи со читање