Skip to main content

Автор: инфодеск

Денешниот чин на дарување органи им дава надеж на пациентите од Здружението „Храбро срце“

Post Views: 496 Од Националното Здружение на пациенти со механичка потпора на работата на срцето и нивни поддржувачи „Храбро срце“ изразуваат најсикрено сочувство до семејството на донорот, со чија безусловна добрина и хуманост четворица пациенти добија нов живот, откако денеска за прв пат во историјата на македонското здравство, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.На пациентите кои ги добија органите им посакуваат побрзо закрепнување.„Секоја чест и за целокупниот медицински персонал што ги извршува трансплантациите. Пациентите од НЗ „Храбро...

Продолжи со читање

Од охридскиот аеродром најфреквентна дестинација за патување е Базел

Post Views: 272 ТАВ Македонија бележи силен пораст на бројот на патници за периодот јануари – јуни 2023 година. Имено, 1.338.406 патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првата половина на 2023 година, што претставува годишен пораст од 41%.Споредено со 2019 година, која што се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи беше најсилната година од аспект на патнички сообраќај пред да се случи кризата со ковид-19, ТАВ Македонија има 15% повеќе патници во првата половина од оваа година.Во однос на бројот на летови за...

Продолжи со читање

Санација на споменикот на писателот А. Ден Долард вo холандскиот парк

Post Views: 291 По налог на Одделението за култура при Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски Гробишта“ започнаа активности за санација на споменикот на писателот А. Ден Долард вo холандскиот парк на кејот „Македонија“.„Општинските служби во неколку наврати и претходно го санираа спомен-обележјето на холандскиот писател, кој беше оштетен од надворешни влијанија и вандалско однесување на несовесни граѓани. Дополнително овој споменик беше оштетен од невремето кое го зафати Охрид минатиот месец.„ – велат од општината.А. Ден Долард е еден од најзначајните...

Продолжи со читање

Вевчани Би би си

Утре дезинсекција против комарци во Вевчани, пчеларите да преземат соодветни мерки

Post Views: 330 На територија на Општина Вевчани ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка.Теристичка (од земја ) дезинсекција ќе се спроведе на ден 21.07.2023 год. (петок), од страна на екипите на Центар за јавно здравје Охрид со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 04.00 часот со апарат за УЛВ Ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните места : Стружанка- Здравствен ДОМ Сред село, Стружанка Сред село – Вевчански извори, Бералиште Даскалој – Чочорој,...

Продолжи со читање

Од денеска еднонасочен сообраќај на ул „Климентов Универзитет“

Post Views: 356 Од денеска, 20.07.2023 година (четврток), стапува на сила новиот режим на сообраќај на улица „Климентов Универзитет“ и на дел од улица „Нада Филева“ согласно основен соораќаен проект за воведување на еднонасочен сообраќај во Стариот дел на Охрид, информираат од Општина Охрид.Од Општината со апел до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение.

Продолжи со читање

Странските туристички водичи ја извртуваат македонската историја

Post Views: 681 Странски туристички водичи ја извртуваат македонската историја. Иако согласно  Законот за туризам, туристичките групи во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните  приказни, странските агенции не го почитуваат.Речиси секојдневно низ  Охрид, се сретнуваат   групи странски туристи без локален водич, кои  ја раскажуваат својата верзија за историјата на Македонија. Зоруваат што сакаат за земјава, без никаква контрола и законски реперкусии, алармираат професионалните...

Продолжи со читање

Еден донор утрово спаси четири животи

Post Views: 332 За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.“ – информираа...

Продолжи со читање

Целовечерен концерт на македонскиот пијанист Дино Имери на „Охридско лето“

Post Views: 279 Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти денеска ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се дела од Фредерик Шопен и Сергеј Рахмањинов.Со огромен успех, Имери настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на  рецитали и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на...

Продолжи со читање

Седницата за уставните измени е закажана за 18 август

Post Views: 242 Седницата за потребата од уставните измени е закажана за 18 август, соопшти кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.„Согласно Уставот и Деловникот, претседателот веќе ја закажа пленарната седница за 18 август во 11.00 часот. Пред да се разгледа Предлогот на пленарна седница, согласно прописите, Предлогот ќе го разгледа Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е претседателот Џафери“ Седница на Комисијата за уставни прашања е закажана за 25 јули во 10:00 часот.Предходно Владата го разгледа и усвои текстот на предлогот за пристапување...

Продолжи со читање

Пет жртви е црниот биланс од невремето што го зафати регионот

Post Views: 332 Три жртви во Хрватска и по една во БиХ и Словенија е билансот од вчерашното невреме во регионот. Стотици се повредени.Три лица загинаа, а неколку се повредени во невремето што вчера попладнето го зафати Загреб и другите делови на Хрватска, соопшти Хрватската цивилна заштита. Двајца од нив загинале кога врз нив паднало дрво, а по пад од дрво врз возило загинал и 40-годишен возач.Во Словенија во невремето странски државјанин загинал во Блед од дрво соборено силниот ветар. Две лица биле повредени од удар на гром.Една жена загина во средата...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига отпадот со закаснување поради топлотниот бран

Post Views: 303 ЈП „Охридски Комуналец“ има измени во динамиката на подигнување на комуналниот отпад поради топлотниот бран кој го зафати деновиве и охридскиот регион.„Ги известуваме граѓаните на општина Охрид, корисници на нашите услуги, дека заради посебните мерки за превенирање на последиците од топлотниот бран, во овие денови подигнувањето на комуналниот отпад на одредени места од општина Охрид и приградските населби, ќе се одвива со закаснување. “ – соопштија од јавното претпријатие.Оттаму бараат разбирање од страна на граѓаните за динамиката на подигнување...

Продолжи со читање

Извонреден успех на средношколци од „Јахја Кемал“ на „Genius 2023 project Olympiad“

Post Views: 528 ПСУ „Јахја Кемал“ ја продолжува традицијата на меѓународната сцена. Ученици од ова средно училиште имаа извонреден успех со своите проекти на  „Genius 2023 project Olympiad“.  Овај меѓународен натпревар за средношколски проекти за еколошки прашања е основан од Terra Science and Education, а домаќин е Технолошкиот институт Рочестер.Олимпијадата „Genius 2023 project Olympiad“  ќе биде домаќин на проекти во пет општи дисциплини со фокус на животната средина.726 проекти од над 60 различни земји и 1100 учесници се пласираа во последниот дел...

Продолжи со читање