Автор: инфодеск
Views: 96 Екстремно високите температури како и наглите промени на температурата негативно влијаат врз здравствената состојба на кардиолошките пациенти и на останаттите хронично болни. Деновиве амбулантите на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања се полнат. Пациентите се жалат на тешко дишење, брзо заморување, главоболки, вртоглавици, проблеми со концентрација.„ Она што би сакала да истакнам се варијации на крвниот притисок, огромни варијации на притисокот дури и во едно деноноќие. Значи имаме варијации од многу високи вредности до вредности кои се под...
Привршува санацијата на наколната населба во Градиште
Views: 67 Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште. Се врши санација на платформата и 24-те праисториски куќички распослани врз синото езеро. Станува збор за најпосетениот музејски комплекс на крејбрежjето, единствен од ваков вид на Балканот.Локалитетот кој ги чува и открива тајните на праисторијата.-Имаме се што тие луѓе користеле во праисторијата во еден ден. Садови за јадење, пиење, готвење и алати. Значи се што користеле во секојдневието, чуваме дури и некои од оригиналните дрвени столбови на кои стоела населбата, вели...
Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води
Views: 94 Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 уни 2025 г. Обуката која е во организација на Црвен крст Охрид-Центар за безбедност на вода ќе се изведува на Охридското езеро и содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична...
Во четврток вежбовна активност за боево гаѓање на „Бејбунар“
Views: 68 На ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање...
Утре прекин во напојувањето со електрична енергија во Вевчани
Views: 106 Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, информираше дека на ден 18.06.2025 година (Среда), во периодот од 08:00 до 14:00 часот, поради изведување на активности за подобрување на мрежата во Вевчани, ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Седум години од Преспанскиот договор
Views: 103 На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете држави. Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, информираше дописничката на МИА од Атина.Договорот беше постигнат во период кога кај јужниот сосед на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ...
Викендов ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро
Views: 102 Со богата програма годинава ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, 25 години од потпишувањето на Меморандумот за разбирање за заштита на езерото помеѓу трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец.Од 20-ти до 22-ри јуни 2025 година, предвидена е богата програма со културни настани, еко-акции, промоција на нуркачка опрема, регати, прошетки со брод, панел дискусии и многу повеќе.Одбележувањата започнуваат во петок, на 20-ти јуни на плоштадот „Долна порта“ со изложба на фотографии од Охридското Езеро и настап на Даниел Јовески со почеток во 13:00 часот.Во сабота...
Ќе се реконструира водоводната линија на улицата „Кленоец“, воведен времен режим на сообраќај кај „Леарница“
Views: 85 Поради реконструкција на водоводната линија од денес 17. 06 2025г. на улицата „Кленоец“ ќе се одвива времен режим на сообраќај.Градежните активности ќе се спроведуваат во близина на ЛТХ Леарница. Се замолуваат жителите од овој дел на градот да ги почитуваат времените мерки на сообраќај, внимателно да се движат и сообраќаат во насока на поголема лична безбедност и непречено одвивање на активностите.








