Skip to main content

Автор: инфодеск

Тропски ден со температура до 34 степени

Post Views: 248 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 34 степени. UV индексот со висока вредност 10.До следната среда времето во Македонија ќе се задржи сончево и многу топло со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10....

Продолжи со читање

Излезе уште една генерација техничари за индустриска мехатроника од ОЕМУЦ

Post Views: 452 На 17.07 и 18.07. 2023 година се спроведе завршниот испит по германски модел за учениците од четврта година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника во ОЕМУЦ „СВ Наум Охридски“-Охрид.Овој испит се спроведува втора година по ред и се состои од теоретски и практичен дел. На теоретскиот дел од испитот учениците одговараа на 22 прашања со повеќекратен избор и решаваа 6 задачи. Прашањата и задачите беа од стручните предмети кои ги изучуваа учениците во текот на своето четиригодишно образование.На практичниот дел од испитот кој се...

Продолжи со читање

Концерт за паметење на Немања Радуловиќ и „Double Sensе“

Post Views: 270 Концерт за паметење донесе вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ во рамките на Српската вечер на фестивалот на која настапи извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ во придружба на камерниот оркестар „Double Sensе“.Под ѕвезденото небо на Долни Сарај и пред бројната публика, Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина на изразот и авантуристички пристап, заедно со оркестарот создадоа музичко патешествие околу светот преку  аранжмани на традиционалната и модерна музика од различни...

Продолжи со читање

Кривична пријава против 15 физички и 3 правни лица за злосторничко здружување, даночна измама и перење пари

Post Views: 260 Денеска (19.07.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување” по чл. 394, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама” по чл. 279-А ст. 2, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело  „перење пари и други приноси од казниво дело” по чл.273 од...

Продолжи со читање

Утре трибина „Мирисот на оловото“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 400 Утре,  20 јули во рамки на Годишната програма за работа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи отворена трибина на тема: „Мирисот на оловото“.До почетокот на деведесеттите години од сега минатиот век во речиси секој град во земјава имаше – опстојуваше по еден градски весник најчесто во рамките на Локалните радио и ТВ станици.Во Охрид во рамките на Радио Охрид – Центар за печат и радио излегуваше месечникот „Езерски глас“ . Но весници излегуваа или печатеа и редакции во рамките на големите претпријатија и фабрики: „Отекс“, „ЕМО“, „Застава...

Продолжи со читање

Велгоштанец вршел превоз на патници без лиценца

Post Views: 359 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишен жител на охридското село Велгошти, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.„При контрола извршена на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран” со охридски регистарски ознаки, врши нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај и нема лиценца согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.“...

Продолжи со читање

Изградбата на затворениот базен во Охрид се одолговлекува осум години

Post Views: 567 Додека во Струга заврши реконструкцијата на  затворениот  базен и  ќе биде отворен ова лето, во Охрид изградбата на овој спортски објект  се провлекува со години.Изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид започна  уште во 2015 година,  но до денес никако да се наполни со вода и да запливаат пливачите. Градежните работи стагнираат,  остана само металната конструкција обрасната со трева, а овој  проект се најавува на секои  избори со различни рокови за   реализација.Спортските тренери...

Продолжи со читање

На „Охридско лето“ концерт посветен на  флејтистот Илија Зимбо

Post Views: 260 Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“  како дел од  музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ.Ова трио ги здружи своите сили во 2014 година  и...

Продолжи со читање

Агенцијата за вработувањe субвенционира вработувања на ранливи групи преку ИПА

Post Views: 247 Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите евидентирани невработени лица да се пријават за учество во мерката Субвенционирање на вработување. Повикот се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување – ИПА.На мерката, според проектниот...

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за влијание на животната средина за проект за пречистителна станица во Трпејца

Post Views: 271 Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието...

Продолжи со читање

Утре во Трпејца почнува 12 издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Post Views: 271 Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација  „На зајдисонце“.Утре, четврток на отворената сцена во Трпејца, од 20 часот и 30 минути  во името на покровителот општина Охрид манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик – градоначалникот Перчо Божиноски.Приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во...

Продолжи со читање

Посета на министерката Ана Лирман на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 261 Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ “Св. Апостол Павле”, Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска,  беше домаќин на Високата претставничка, г-ѓа Ана Лирман,  Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со  г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и  г-дин Давид Оберхугер Директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и...

Продолжи со читање