Автор: инфодеск
Views: 83 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицава ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи.Фото: Ѓоко Симјаноски
Земјотрес од 3,8 степени по Рихтер рано утрово почувствуван во Охрид
Views: 75 Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер е регистриран рано утрово во Охрид.Земјотресот се случил во 04:34 часот, на 9 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 10 километри.Засега нема информации за евентуални штети, освен за вознемиреност кај граѓаните. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.
Временска прогноза за денес: претежно сончево и температури до 26 степени Целзиусови
Views: 112 Од УХМР информираат дека денес и утре времето ќе биде претежно сончево. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Во Охрид температурите од 13 до 26 степени Целзиусови.
Денес охриѓани го слават Св. Еразмо Охридски
Views: 153 Денес православните верници го слават Св. Еразмо Охридски. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот....
Врачена наградата „Книжевен жезол“ на охриѓанецот Славе Ѓорѓо Димоски
Views: 75 На познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ вчера во Друштвото на писателите на Македонија им беа врачени годинешните традиционални награди за поетски опус „Книжевен жезол“, кои се доделуваат во рамки на поетската манифестација „Празник на липите“. Наградите на лауреатите им ги врачија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и претседателот на ДПМ, Живко Гроздановски.Tрадиционалната награда за животен опус „Книжевен жезол“ е најголемата што ја доделува ДПМ. Таа се состои од статуетка и од плакета, а одлуката за избор...
Денес започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година
Views: 432 Од денес до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mkОткако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават...
Светиот маченик Јустин Философ
Views: 60 Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја поколеба во него сета Платонова философија и му напомена дека луѓето не можат да ја знаат вистината за Бога додека Бог не им го открие тоа, а...
УХМР: Претежно сончево и топло
Views: 63 Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат од минимални 12, до максимални 26 степени Целзиусови.








