Skip to main content

Автор: инфодеск

Струга Трим Лум денеска игра против Жалгирис пред полни трибини во Охрид

Post Views: 345 Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска во 17 часот на стадионот Вилјанини Извори во Охрид го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.Струга Трим Лум одигра 0:0 на првиот дуел во Литванија, со што има можност за пласман во следното коло каде својот противник го чека турскиот шампион Галатасарај.На прес конференција тренерот на стружани, Шпетим Дуро, фаворитската улога му ја препиша на литванскиот тим.„Поради многу аспекти Жалгирис е фаворит. Имаат големо искуство, буџет кој можам да кажам дека...

Продолжи со читање

Тропски ден со температура до 34 степени

Post Views: 243 Сончево и многу топло ќе биде и денеска во Охрид. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови.Ќе дува умерен ветер од северен правец. Индексот на УВ зрачење 10.Во земјата и понатаму е активно портокалово ниво на опасност од високи температури.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поради змија нетретирана вода истекла во езерото кај Елешец и Пештани

Post Views: 631 Во неделата, на 16-ти јули, на потегот меѓу населените места Елешец и Пештани во Охрид е забележано мало истекување на нетретирана вода од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Во кординација на Државниот инспекторат за животна средина ДИЖС и Инспекторатот на Општина Охрид, а во комуникација со директорот на ЈП Колекторски систем е утврдено дека поради влегување на змија во препумпната станица накратко е дојдено до автоматско исклучување на осигурувач.Од страна на службите на ЈП Колекторски систем веднаш е пристапено кон повторно вклучување на...

Продолжи со читање

Претседателката на Инспекциски совет на работни средби во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 382 Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Ресул Шемо во рамки на работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“ со денешната и вчерашната посети ги опфатија Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Охрид и Општина Дебрца. Тие остварија средба со Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, Градноначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски и Раководителот на Инспекциската служба при Општина...

Продолжи со читање

Во среда дезинсексција против комарци во Дебрца, пчеларите да ги преземат потребните мерки

Post Views: 424 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 19.07.2023 год. (среда) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки...

Продолжи со читање

Најмладите ја враќаат Македонија на европската и светската едриличарска сцена

Post Views: 380 Македонскиот национален тим во едрење учествува на Европското првенство во класата Оптимист во Солун, Грција.Нашите репрезентативци – членови на клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга, силите ќе ги измерат со вкупно 300 едриличари од Европа.Следниот голем предизвик е Светското првенство во кластата Илка 4, што ќе се одржи во Волос, Грција, во периодот од 23 до 31 јули. Македонската репрезентација составена од пет напреварувачи ќе биде дел од светската едриличарска елита со вкупен број од 400 натпреварувачи.„После повеќе од...

Продолжи со читање

Вечерва на музичката програма на „Охридско лето“ концерт на Трио „Инвентио“

Post Views: 278 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува  со настап на Триото „Инвентио“ од  Италија. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата на вечерашниот концерт ќе бидат изведени дека од Бах, Де Берио, С. Танејев и  А. Дворжак.Ова трио го сочинуваат Јулиа Беринскаја, прва виолина, Валентина Данелон, втора виолина и Ана Серова на виола.Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински кој е еден од...

Продолжи со читање

Два бронзени медали и две пофалници за македонските физичари на Олимпијадата во Токио

Post Views: 330 Денеска во Токио, Јапонија, заврши 53. Меѓународна олимпијада по физика на која учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех на оваа олимпијада освојувајќи два бронзени медали и две награди за успешно учество (пофалници), соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.Оттаму додаваат дека Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци, и Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освоиле бронзени медали, а Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во...

Продолжи со читање

Градскиот совет не донел одлука за забрана за шетање по бикини, стружани со поделени мислења

Post Views: 324  Струга забрани шетање во костими за капење низ струшката чаршија. Општината постави информативни табли на повеќе локации  за оваа намена и преку сооопштение ја информираше јавноста – да нема голотија на јавни места.Струга не е конзервативен, туку туристичка град, велат  советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука е самоиницијативна и  не е донесена согласно законот за локална самоуправа.„Во конкретниот случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци, ниту пак поставувањето на тие знаци е предвидено...

Продолжи со читање

„Соседска патрола“ во Охрид затекна повеќе малолетници кои консумираат алкохол

Post Views: 274 Викендов (15/16.07.) во Охрид од страна на полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Охрид, беше реализирана превентивна кампања – „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници, претставници на Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа, како и претставници од Центарот за социјални работи, извршија превентивни обиколки на угостителските објекти како и на местата односно собиралиштата на отворен простор каде што во ноќните часови најчесто се собираат младите....

Продолжи со читање

„Госпоѓиците од Авињон“ –демистификација на петте жени од истоимената слика на Пикасо

Post Views: 301 Фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер за публиката ја донесе балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ изведена од Националната Опера и балет на Република Северна Македонија.Во извонредниот амбиент на Долни Сарај, балетот во девет слики зборуваше  за петте жени, петте куртизани кои го одбележале бурниот живот на големиот уметник Пабло Пикасо, за нивниот живот и потрага по љубовта, смртта и слободата.Кореографката и режисерка на оваа балетска претстава Олга Панго вели дека балетот е работен од домашна екипа околу три месеци, но секаде каде што...

Продолжи со читање

Љубов крунисана со брак со зурли и тапани и преку 30 народни обичаи

Post Views: 435 На 60-тата Галичка свадба својата љубов ја крунисаа со брак, младоженците Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Оливер е дипломиран етнолог и антрополог, а охриѓанката Елисавета дипломиран психолог и гешталт-терапевт. На зетот свадба во Галичник му била животна желба.Младенците се венчаа во храмот Св. Апостоли Петар и Павле, во присуство на роднини, статисти во културно сценската манифестација и неколку стотини од земјава и странство.На свадбата гости беа и претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на манифестацијата, со својата...

Продолжи со читање