Автор: инфодеск
Post Views: 316 Мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури продолжуваат да важат од денес и ќе траат во следните девет дена, односно до 25 јули, соопштија од Владата.„Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова фаза. Поради тоа, од утре продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението„ – стои во...
Oд денеска забрана за движење во шумите
Post Views: 319 Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денес 17 јули 2023 година (понеделник).Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли, велат од прес службата на...
Во Охрид сончево и многу топло време
Post Views: 312 Времето денеска сончево и многу топло, со утринска температура до 19 степени и со слаб до умерен ветер од северен правец.Во текот на денот температурата ќе се искачи до 33 степени.И во следните денови подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро
Post Views: 404 На 15.07.2023 во 11.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.“Од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна која е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.” – информираат од МВР.
Горат Канарските острови
Post Views: 367 Поради големиот шумски пожар во Шпанија на Канарските острови, досега се евакуирани 4.255 лица, а 400 припадници на различни служби се на терен и се борат со пожарот. Шпанската армија распореди 150 свои пожарникари, а наскоро се очекува да пристигне уште една единица. Црвениот крст формираше објект за помош на евакуираните.Пожарот избувнал вчера утрото и веќе проголтал најмалку 4.500 хектари шума и десетина куќи, јавуваат шпанските медиуми.Фернандо Клавихо, претседател на регионалната влада на Канарските Острови, рече дека има отпор кога станува збор за...
Наскоро стружани ќе се рекреираат во затворениот базен
Post Views: 338 Координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митреки на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии од изградбата на долгонајавуваниот затворен базен во Струга.„После сите перипетии, работите со затворениот базен се при крај за огромно задоволство на пливачите, ватерполистите, сите спортисти и сите граѓани на Струга…“ се вели во пораката на Митрески.Струга прва во регионот ќе добие затворен базен | Портал ТВМ (tvm.mk)
Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 319 Национална опера и балет од Република Северна Македонијасо балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“.Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга...
Сончево и топло со температура до 33 степени
Post Views: 234 Сончево и многу топло и денеска во Охрид со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
Сообраќајна несреќа меѓу Трпејца и Заливот на коските
Post Views: 414 На магистралниот пат Охрид – Св. Наум вечерва се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила, на потегот помеѓу Трпејца и Заливот на коските.Сообраќајот беше во прекин од нешто по 20 часот до 22 часот, поради што се формира долга колона возила.На местото на несреќата увид извршија екипи на СВР Охрид. Повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Македонија против рудникот во Иловица
Post Views: 294 Граѓаните, во организизација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение Еко Долина – Ново Село, денеска одржаа протестна блокада против спојување на концесијата за рудникот Иловица-Штука. Се бара од државните институции да спречат отворање на рудникот за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитет во Иловица.Протестот се организира по информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден што според активистите, значи дека е можнa...
МНР со детали за убиството на македонски државјанин во Грција
Post Views: 291 МНР преку соопштение се огласи за инцидентот во кој македонски државјанин беше убиен, а неговиот пријател ранет.„По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија. Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите...
Македонија доби Национален регистар на подземни води
Post Views: 454 Македонија го доби Националниот регистар на подземни води. Регистарот обработува 13 процеси и 65 тематски целини. Со новата платформа ќе се дигитализираат и процедурите за остварување на водното право, а корисниците ќе можат целиот процес од аплицирање до добивање на дозволите да го направат онлајн. Заедно со новиот регистар се изработи и мобилна апликација, како алатка за контрола и инспекторирање, на која ќе може да се направи преглед на издадените дозволи.Според министерката за животна средина, Каја Шукова земјава има висок процент на користење на подземните...
