Skip to main content

Автор: инфодеск

Во етер и втората сезона на „Младински подкаст“ од Клубот на млади при Црвен крст Охрид

Views: 81 Клубот на млади при Црвен крст Охрид информира дека повторно го враќа својот актуелен и модерен серијал „Младински подкаст“.Серијалот „Младински подкаст“ преставува место каде младите волонтери на Црвениот крст ќе можат отворено да зборуваат за најактуелните теми во денешницата кој ги залага младите младите, како и за нивните волонтерски искуства во Црвениот крст.–Во првата епизода, овогодинешниот ЦКА-ПХВ дименитарот на Црвен крст Охрид – Лина Јоноска, ќе зборува за својот пат по ПХВ дисеминатор. Односно: Што ја мотивирало да го започне нејзиното волонтерско...

Продолжи со читање

Светиот апостол Ерма

Views: 64 Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече дека е тој Ангелот на покајанието којшто нему му е пратен за да го придружува до крајот на животот. Ангелот му даде дванаесет заповеди: 1) да...

Продолжи со читање

Сончев петок во најава за топол викенд

Views: 61 Времето сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Денешните температури во Охрид во интервал од 18 до 29 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

ЦУК: Бројот 192 поради технички причини не е во функција, граѓаните кои имаат потреба да го користат бројот 112

Views: 67 Од Центарот за управувањ со кризи и Министерството за внатрешни работи информираат дека дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. Во нивното соопштение се додава дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број.

Продолжи со читање

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Views: 163 Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски, пренесе liturgija.mk.Со денешната одлука, тој ја презема духовната и административната одговорност над една од најзначајните епархии на МПЦ-ОА, која опфаќа дел од западна Македонија, вклучително и Охрид и Кичево.Изборот беше направен со просто мнозинство, но според информации од Синодот, сите 12 владици гласале „за“, што го прави изборот на...

Продолжи со читање

Започнува Ипа вело викендот „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Views: 102Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува Ипа вело викендот  „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ во чии рамки, во сабота (14 јуни), ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга како и вело конекција Охрид-Св.Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.-Овие проектни иницијативи, имаат непроценливо...

Продолжи со читање

Акција кабаст отпад

Утре акција за подигнување на кабаст отпад од населбите Кошишта, Воска и Даљан

Views: 81 Ј.П.„Охридски Kомуналец” утре ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан.–Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 13.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на...

Продолжи со читање

Вечерва ќе се одржи „Заборавениот звук“ во спомен на Климе Садило

Views: 95 „Заборавениот звук“ е насловен концертот, што во спомен на Климе Садило ќе се одржи вечерва во 20:00 часот, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“.– И оваа година ќе можете да  уживате во настапите на КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, како и изведбата на драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев, велат организаторите.Климе Садило е претставник на македонската чалгиска традиција чии зачетоци се во 19 и во 20 век. Роден бил 1881 година, а починал 1965 година. Најпрво...

Продолжи со читање