Skip to main content

Автор: инфодеск

Романска вечер на „Охридско лето“

Post Views: 281 Романската  вечер на „Охридско лето“ ќе донесе концерт на ФАМЕ’С европскиот оркестарски изведувачки институт и на Ирина Муресану, соло виолина. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се композиции од Десен, Фаља, Флин, Динику, Рутер, Бах, Вали, Рустом,Фунг, Пјацола и О Конор.ФАМЕ’С европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и...

Продолжи со читање

Танцовиот перформанс „Лиминално тело“ вечерва во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 347 Вечерва изведба на „Лиминално тело“ во Народен Театар Охрид со почеток во 20:00 ч.Kореографката Ивана Балабанова ја постави новата танцова претстава „Лиминално тело“ заедно со танчарите: Сара Цветковска, Дејан Битровски, Илина Костовска, Тереза Лазаров, Стефани Шааршмит (Германија/С. Македонија) и Џун Елис Мах (Германија). Перформансот во својот интердисциплинарен пристап ги обединува јазиците на танцот и театарот носејќи на сцената свежина со еден нов израз. Експериментален концепт се надополнува со современиот музички израз на композиторот Алесандро Ола,...

Продолжи со читање

Сончево и топло со многу висока вредност на UV зрачење

Post Views: 245 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Вредноста на UV индексот многу висока 10.Утринската температура до 17 степени, а максималната дневна до 31 степен.Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Продолжи со читање

Шпанија ќе финансира консултантски и инженерски услуги за реконструкција на колекторот

Post Views: 422 Во присуство на амбасадорот на Шпанија Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, директорот на ЈП колекторски систем- Скопје Владимир Алексијоски и директорот на шпанската компанија ИДОМ консалтинг, инженерство и архитектура, Хавиер Фернандез, се потпиша Меморандум за соработка и договори за неповратно финансирање на консултантски и инженерски услуги за реконструкција на системот за одведување и пречистување на отпадните води на Охридското Езеро.Со тоа се официјализираше поддршката на Шпанската Влада...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за мобилна урбана опрема за комерцијално користење

Post Views: 323 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување на мобилна урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за намена: продажба на пченки костени семки и др.производи. Предмет на јавниот оглас се 4 локации за поставување на урбана опрема кои се наоѓаат на Кеј Македонија и Плоштад Св.Климент Охридски. Урбаната опрема се издава за времетраење од 20.07.2023 до 20.09.2023 година.Јавниот оглас и графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема ТУКА. Пријавите да се достават најдоцна до 19.07.2023 год. до 12.00 часот.ЈП...

Продолжи со читање

Американска вечер на „Охридско лето“ со монодрамата „Бикот на Фаларис“

Post Views: 294 Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи Американска вечер со монодрамата „Бикот на Фаларис : Решавајќи ја загатката на чудесниот голем свет, напишана и изведена од Стивен Фридман.Монодрамата ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Една од најубаво прикажаните филозофски лекции на која е добро да се присуствува   е напишана и испорачана од Стивен Фридман, со самоопишаниот  „Подарок на умот“. Тој е поет сликар, автор, учител, и молекуларен биолог, но во суштината тој трага по одговорот...

Продолжи со читање

Вевчани Би би си

Вевчани бележи солидна исполнетост оваа туристичка сезона

Post Views: 491 Во ек на туристичката сезона Вевчани бележи солидна исполнетост. Најактуелни се еднодневни или викенд екскурзии. Најбројни се туристите од регионот  и организираните групи од Холандија и Полска.Најмалата општина во земјава работи на поголема промоција и збогатување на понудата за задржување на туристите.„Гостите од Холандија и Полска се доста присутни,гостите од скандинавските земји исто така не можеме да ги исклучиме и годинава чартер летовите кои што се отворија со Србија со белград исто така се надевам ќе придонесат и туристите од Србија да бидат...

Продолжи со читање

Централен регистар: Субјект лажно се претставува и нуди услуги во наше име

Post Views: 298 Извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и слично. Притоа ги информирал субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барал одреден надомест, информираа денеска од Централниот регистар.„Зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид.„ – предупредија од Централниот регистар на Македонија.Притоа ги советуваат граѓаните да не...

Продолжи со читање

Семејство од Холандија започна гастрономски бизнис во Охрид

Post Views: 1.060 Охрид како туристичка дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, очекуваните 15 000 холандски турсити годинава доволно зборуваат за тоа колку овој народ го сака Охрид. Но, не сите доаѓаат за да одмараат. Некои од нив, како семејството Јансен, одлучиле да ја напуштат родната Холандија, да дојдат тука и да започнат сопствен бизнис, токму во сферата на туризмот. Многу сте отворен народ, убава земја, се чувствувам прифатен. Луѓето ми помагаат да научам Македонски. Има многу можности за бизнис. Тоа е тоа што нам ни одговара тука...

Продолжи со читање

Стоечки овации за маестро Станисављевиќ и Нишкиот симфониски оркестар

Post Views: 267 Во извонредниот  амбиент на црквата „Света Софија“ вчеравечер музичката програма на „Охридско лето“ продолжи со концерт на Нишкиот симфониски оркестар од Србија кој настапи под диригентство на маестро Зоран Станисављевиќ.Публиката имаше прекрасна вечер со модерниот репертоар на уметниците од овој состав кој постои веќе 70 години, а потврда за тоа беа бројните аплаузи и долгите стоечки овации.„И ние заедно со публиката уживавме од почеток до крај на концертот. Нам ни се чинеше дека концертот помина за миг иако не беше краток. Среќни и задоволни сме...

Продолжи со читање

Утре во Куќата на Робевци изложба на дела од академскиот сликар Владимир Георгиевски

Post Views: 287 Во сабота 15.07.2023 во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942.Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот...

Продолжи со читање

ЈП Национални шуми апелира на одговорно однесување во шумите поради опасност од пожари

Post Views: 273 Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.„Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.„ – порачуваат од Национални шуми.Истовремено, доколку...

Продолжи со читање