Skip to main content

Автор: инфодеск

Викендов Охрид ќе биде центарот на иновациите, стартува Startup Weekend Ohrid 2025

Post Views: 65 Од денес па се до недела Охрид повторно ќе биде домаќин на најинспиративниот настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025, кој ќе се одржи во просториите на  просториите на Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.Организаторите информираат дека во текот на 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 докажани професионалци, и ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири составено од врвни експерти од светот на технологијата,...

Продолжи со читање

Специјализираната Болница за Нефрологија – Струга воведе нова процедура

Post Views: 86 Специјализираната Болница за Нефрологија – Струга започна со примена на нова процедура: поставување на југуларни катетери под ЕХО.–Во рамките на континуираните напори за унапредување на услугите и грижата за пациентите, започнавме со примена на нова процедура поставување на југуларни катетери под ЕХО. Оваа постапка под ехо го прави процесот побезбеден и поконтролиран, информира директорот на болницата, д-р. Јетмир Зиба.Поставувањето на југуларни катетери кај пациентите кои се лекуваат со хемодијализа има повеќе предности, како што се:•...

Продолжи со читање

Општина Дебрца ги објави резултатите за доделување стипендии на одличните ученици и студентите

Post Views: 41 Општина Дебрца ги објави резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2024/25. Резултатите се достапни на линкот.Исто така, Општина Дебрца ги објави и резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2024/25. Резултатите се достапни на линкот.

Продолжи со читање

Општина Дебрца ќе додели финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Post Views: 93 На вчерашната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.Од Општина Дебрца информираат дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.

Продолжи со читање

Животоприемен извор, петокот од Светлата Седмица

Post Views: 65На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во...

Продолжи со читање

облачно Охрид

УХМР: Променливо облачно и нестабилно, од вторник стабилизирање на времето

Post Views: 54 Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на...

Продолжи со читање

Одбележан патронатот на ООУ „Христо Узунов“

Post Views: 73 Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“,  ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор.Годинава се одбележаа 120 години од херојската смрт на Христо Узунов.

Продолжи со читање

Охрид се поклони во чест за Узунов

Post Views: 60 Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија  и денес. Утрово  делегација  на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид  го посетија  вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде  пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.

Продолжи со читање