Автор: инфодеск
Post Views: 332 На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија во сабота (14.10.2023 година) со почеток во 20.00 часот.Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и...
Бесплатна скрининг мамографија секоја сабота во Општа болница Струга
Post Views: 408 Во Општата болница во Струга секоја сабота ќе се врши бесплатна скрининг мамографија со цел рана дијагностика и превенција на рак на дојката.Директорот на болницата Арменд Арслани посочува дека октомври, месецот за подигање на свеста за рано откривање рак на дојката бил мотив да прават бесплатни прегледи во сабота, во текот на целата година, објави МИА.„Целта е да се поттикнат жените, пред сѐ, младите на редовни прегледи за рана дијагностика, знаејќи го фактот дека старосната граница е се пониска, односно имаме многу млади пациентки со дијагностициран...
Новинари и блогери од Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Црна Гора ќе ги промовираат нашите туристички потенцијали
Post Views: 299 Активна туристичка промоција на македонските туристички потенцијали преку новинари, промотори, блогери и телевизиски екипи од Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Црна Гора, најави Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).“Од денес во земјава претстојуваат Андреј Ким и претседателот на „Hyundai Motor Group”, Еуисун Чунг од Јужна Кореја, кои во соработка со надлежни институции од земјава го поддржуваат патувањето на јужнокорејската актерка, Хан Хјо-Жу, која скоро се појави во популарниот Disney+ телевизиски канал, во серијалот „Moving”. Во...
Чествувања по повод 11 Октомври
Post Views: 232 Охрид го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание. Денеска делегации од Општина Охрид, политички партии, установи и здруженија ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парк, пред Основниот суд, СОСУ Св Кирил и Методиј и на градските гробишта во Охрид.Одбележувањето започна вчера со свечена седница по повод 82-годишнината од Денот на Народното востание. На седницата присуствуваа претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници на Советот на општината, пратеници, претставници на локални институции,...
Сончево со температура до 22 степени
Post Views: 350 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 22 степени.До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.фото: Ѓоко Симјаноски
За операција на катаракта пациентите од Југозападниот регион чекаат и по една година
Post Views: 351 Во општините во Југозападен регион во земјава се уште не се изведува операција на катаракта. Повозрасните пациенти кои се соочуваат со овој здравствен проблем чекаат и повеќе од една година за да добијат термин во битолската болница.Оние кои имаат финансиски средства се оперираат во приватните клиники, но оние кои немаат чекајќи термин се случува трајно да го изгубат видот.-„Не закажав, ниту можи да се закажи. Слушнав дека во Штип има за 800 евра и дигнав раце гледам помалку и тоа е. Има ли секој пензионер да си доволи пари? Јас немам “, вели...
Унеско бара итни мерки од владите на Македонија и Албанија
Post Views: 311 До 01 ви февруари 2024 година двете влади на Македонија и Албанија се задолжени да го донесат Планот за ревитализација на Охридскиот регион. Клучните препораки на Унеско, од состанокот во Ријад, се однесуваат на урбанизацијата.Препорака е за Деталните урбанистички планови покрај студија за влијанието врз животната средина, да се изработуваат и дополнителни студии за влијанието врз културното наследство. Експертите велат овој рок за Планот за ревитализација е краток и бара итни мерки од страна на двете држави.„Овој рок е многу лимитиран нема...
Кинез бил каснат од куче во Мешеишта
Post Views: 426 Кинески државјанин бил каснат од куче во Дебрца. Нападот од бездомното животно го пријавил во полиција.„На 06.10.2023 година во 14.35 часот во СВР Охрид, П.Г.(24) од Народна Република Кина, пријавил дека, на локален пат во селото Мешеишта, општина Дебрца, бил каснат од куче скитник.“ – соопшти МВР.
УНЕСКО ќе создава виртуелен музеј на украдени артефакти
Post Views: 363 Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го најави првиот виртуелен музеј на украдени културни артефакти. Целта на проектот е да се подигне јавната свест за трговијата со уметност и уникатната важност на културното наследство.„Зад секое украдено дело или фрагмент се крие дел од историјата, идентитетот и човештвото што е украдено од неговите чувари, недостапно за истражување и сега ризикува да падне во заборав“, рече генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, пренесе Гардијан.Во соработка со меѓународната полициска...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со стопанска делегација oд турскиот град Болу
Post Views: 269Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со делегација на Стопанската и индустриската комора на градот Болу од Република Турција.Делегацијата беше предводена од претседателот на Управниот одбор на комората, Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, Ајдоган Текин. На средбата присуствуваа и претставници на стопанскиот сектор, претставници на различни индустриски капацитети и туристички организации од Болу.Градоначалникот Пецаков и гостите разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Болу во повеќе...
Започнуваат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023
Post Views: 313 Вечерва во Центарот за култура Браќа Миладиновци“ Струга, во голема сала со почеток во 18:00 ч. ќе се одржат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023, една од најстарите книжевни манифестациии во земјава од меѓународен карактер.Поздравно обраќање на отворањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби” ќе има професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Најавена е промоција на трите тома од книгата ,,Мојата Струга” од Наум Бајо. Промотор е Димче Шипинкаровски, а модератор: Верица Мукоска. Промоцијата ќе биде збогатена со...
Подобрени условите во ООУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј
Post Views: 295 Подобрени условите за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.„Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.“ – информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Пецаков во објава на Фејсбук напиша дека локалната продолжува да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава.
