Автор: инфодеск
Views: 152 Од ООУ „Григор Прличев“ информираат дека согласно Правилникот за номинирање, избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици при ООУ „Григор Прличев” Охрид, Наставничкиот совет ја избра ученичката Нина Кузманоска за првенец на генерацијата.Покрај Нина, како дел од најуспешните ученици се избрани и Виктор Милески, Калина Симоноска, Јована Јолевска, Мартина Димоска, Лора Шумуликоска, Марија Ламбеска, Сандра Ническа, Леа Шумуликоска и Андреј Галевски.-На сите ученици им посакуваме успех во понатамошниот тек на своето образование и им благодариме што гордо...
Денес започнува Меѓународниот турнир во кошарка „Охрид 2025“
Views: 101 Кошаркарскиот клуб „Колибри“, од денес до петок го организира четвртиот по ред, Меѓународен турнир во кошарка „Охрид 2025“ во спортската сала Билјанини Извори – Охрид.Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.– Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи во предвидените натпреварувачки генерации, со нешто повеќе од 300 деца. Свеченото отворање е закажано за вторник, 10-ти јуни 2025 одина, со почеток во 18:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“,...
Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски
Views: 67 Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, злоставувања и затварања. Најпосле беше протеран во прогонство заради исповедањето на...
УХМР: Сончево со мала до умерена облачност
Views: 59 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Денес и утре во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 16 до 27 степени Целзиусови.
Поскапува дизелот
Views: 74 Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменета, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар.ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари.Поскапуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 ден. и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари и ќе изнесува 38,5 денари.
ЈП Охридски комуналец: Поставени канти за отпад на Горица 3, темелно се чисти плочникот на патеката од канал Студенчишта до Горица
Views: 61 Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираат за дел сезонските активности за одржување на јавната хигиена кои ги извршија во изминатиот период.–Согласно Програмата за работа за 2025 год., на плажата Горица 3 поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за депонирање на ситен отпад; На оваа јавна плажа дежурните екипи започнаа со секојдневно одржување на хигиената, а почнувајќи од месец јули ќе се постават канти и на плажите кои не се дадени под концесија на потег од Лагадин до Пештани. Темелно се чисти плочникот околу клупите и садовите за...
Лана Трпкоска e првенец на генерација за учебната 2024/2025 во ООУ „Св. Климент Охридски“
Views: 77 Од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид информираат дека врз основа на Правилникот за пофалување и наградување и изрекување педагошки мерки на денешниот Наставнички совет, избран е првенецот на генерација за учебната 2024/2025 година.– Како училиште сме горди што имавме ученичка која освен одличниот успех и низа освоени награди на регионални и државни натпревари се истакнува како пример за другарство, негување позитивни вредности, хуманост, солидарност, сестраност и натпреварувачки дух. И честитаме и и посакуваме многу успех во иднина, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“...
Интервенција на Планинската спасителна служба за извлекување повредена жена на Јабланица
Views: 112 Од планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид информираат дека утрово нивниот оперативен центар добил аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа од Струга, се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб.-Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција. Во меѓувреме, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер. За среќа, пред 30 мин беше беше полетан хеликотер...








