Skip to main content

Автор: инфодеск

Новата сезона на емисијата „Прашалник“ со толкувач на знаковен јазик

Post Views: 393 Започна новата сезона на дебатната емисија Прашалник на Регионална ТВМ телевизија. Оваа, петта сезона  за прв пат се воведува толкувач на знаковен јазик. Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија  во регионот,  е приближување на  темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.Вклучувањето на толкувач на знаковен јазик засега е само препорака за медиумите, но од следната година ќе биде и законска обврска.ТВМ телевизија години наназад го има прилагодено и Дневникот , еден од информативните појаси е прилагоден за глуви и наглуви...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 22 степени

Post Views: 208 Денеска во Охрид сончево време со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Од вторник повторно ќе биде во постепен пораст.фото: фејсбук Зоран Киклески

Продолжи со читање

ГКК Охрид ќе го донира приходот од влезниците од утрешниот натпревар

Post Views: 475 Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој за прв пат во историјата е дел од првата лига, парите собрани од карти од утрешниот натпревар ќе ги донира за хуманитарни цели за граѓани на Охрид кои собираат пари за лекување. ГКК Охрид утре во 18 часот игра со со ФМП Академија во второто коло од Првата кошаркарска лига.Кошаркарите и тренерот велат нивната амбиција е да останат во првата лига.“Нашите амбиции се да го задржиме местото во првата лига каде што од ланската сезона се задржани сите играчи кои ја сочинуваа екипата во втоа лига. Сега сме засилени со...

Продолжи со читање

Се поставува атмосферска канализација на ул “Караорман”

Post Views: 340 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација на улицата „Караорман“.Линијата е во должина од 145 метри, а се поставуваат цевки со Ф50 и Ф95.Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 235 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.

Продолжи со читање

Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради недостигот на учебници

Post Views: 321 Поради недостигот на учебници, деневовие ќе биде поднесена тужба против државата односно  министерството за образование  Тужбата ја поднесува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација а ја изработува Македонското здружение на млади правници.Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.„Ќе...

Продолжи со читање

Се асфалтираат улици во Орман

Post Views: 326 Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на локални улици во село Орман, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук.„Во рамки на зафатот предвидено е да се асфалтираа во должина од 500 метри и ширина од 3 метри.“ – информира градоначалникот.Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Во Струга започна Првата светска конференција за верски дијалог и соработка

Post Views: 341 На отворањето на Првата светска конференција за верски дијалог и соработка, во Струга, присутните ги поздрави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која потенцираше дека темата на оваа конференција „Религиозните конфликти во светот: Причини и можни решенија“   е секогаш исклучителна, важна и, за жал, постојано актуелна.„Затоа сме тука – заедно да ги детектираме причините, да разговараме, да трагаме и да препорачаме можни решенија и да дадеме поддршка на ваквите мисии. Да најдеме начин како најдобро да учествуваме во овие процеси за да...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава деловни простории под закуп

Post Views: 404 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) за период од две години.Деловните простории се наоѓаат во административниот објект на јавното претпријатие на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид.Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.3, со почетна цена на јавното наддавање од 14,349.56 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како...

Продолжи со читање

Дневната евтина тарифа на струјата ќе стартува во декември

Post Views: 310 Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.“Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден.“...

Продолжи со читање

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Post Views: 281 Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември.“Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.“ – се наведува во соопштението.За оние кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во филијалите и експозитурите на банките.

Продолжи со читање

Поевтинуваат бензините

Post Views: 314 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари. Нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98.Цената на  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари. За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976...

Продолжи со читање