Skip to main content

Автор: инфодеск

32 возачи во Охрид казнети за непрописно престигнување

Post Views: 314 Министерството за внатрешни работи спроведува зајакнати акциски контроли на целата територијата на Македонија за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат при што санкционирани се 134 возачи. Од нив, 45 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово.„На 10.07.2023 од 07.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 45 возачи кои на непрегледни места и онаму каде со сообраќаен знак е...

Продолжи со читање

Преосветување на манастирскиот храм Пресвета Богородица Заумска – Трпејца

Post Views: 506 Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2023 година (сабота), ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца.8:00 утрена богослужба9:00 преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“10:00 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско –...

Продолжи со читање

Струга Трим Лум вечерва во Вилнус игра против Жалгирис

Post Views: 405 Македонскиот првак Струга Трим Лум во Вилнус (18 часот) ќе се соочи со Жалгирис во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на Шампионите на УЕФА.Македонскиот првак вчера одржа тренинг на стадионот „ЛФФ“. Жалгирис е фаворит со искуство на вакви натпревари, а и теренот со вештачка трева им дава предност на домашните фудбалери.Но клубот кој постои нецела деценија има сериозни амбиции за влез во елитниот клупски фудбал.

Продолжи со читање

Утре староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“- „Ој љубов, љубов“

Post Views: 380 Староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“ утре во рамките на програмата од 5-тото алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“.Уникатниот концерт на Ансамбл Билјана со пловидба по Охридското Езеро и изведба на староградски песни е насловен „Ој љубов, љубов“.„Збирно место КАНЕО од 17:30ч, во 18ч тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), каде во 18:30ч ќе се пуштат сидрата и настанот може да биде посетен и од копно. Може да присуствува секој со сопствен пловен објект, исклучиво со ВЕСЛАЊЕ. Исто така, можете да...

Продолжи со читање

Во петок забава со К-2 Ѕвездичките на плоштадот кај Мини маркет

Post Views: 352 На 14-ти јули(петок) во 20:30 часот К-2 Ѕвездичките и водителот Ка Двојче ќе настапат на малото плоштадче “Мини маркет” со своите детски хитчиња.Концертот е дел од проектот за потикнување на авторска музика и трибјут за охридскиот бенд “Вентолин”.Настанот е поддржан од Сектор за култура – Општина Охрид и Витаминка.

Продолжи со читање

ЦЈЗ ги потсетува граѓаните на препораките за заштита од топлотен бран

Post Views: 215 Топлотниот бран и високите температури кои го зафатија нашиот повод Центарот за јавно здравје да ги потсети граѓаните на општите препораки за заштита од топлотен бран. Воедно од Центарот апелираат за сериозно почитување и придржување кон истите.За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10:00-17:00часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.За време на топлотен бран во периодот од 10:00-17:00часот, да се избегнуваат напорни физички активности,...

Продолжи со читање

Сончево и топло време со температура до 30 степени

Post Views: 236 Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени. UV=9Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Продолжи со читање

Казнети 15 лица кои во Охрид возеле под дејство на алкохол

Post Views: 282 На 09.07.2023 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга – 41, Кичево – 29 и Дебар – 02), информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Одземени 126 мрежи, 219 парчиња риба, уапсени две лица за рибокрадство во мај и јуни

Post Views: 270 Во текот на мај и јуни 2023 година, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” при Регионален центар за гранични работи „Запад”, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро и на копно, реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.„Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2800 метри, со 219...

Продолжи со читање

Охридски гимназијалци во видео спот на НАТО за подигнување на еколошката свест

Post Views: 374 НАТО објави видео спот за покренување на свеста за еколошките проблеми и климатските промени во која учесници се и ученици од ОСУ „ Св Климент Охридски“ Охрид, кои беа наградени за нивниот проект за покренување на еколошката свест под менторство на проф. Марија Чанова.Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка од мисијата на САД во НАТО ги повика младите луѓе низ Арктикот, Медитеранот, Источна Европа и пошироко да ги споделат своите лични приказни за влијанијата на климатските промени во нивните заедници.На видеото, младите...

Продолжи со читање

Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија

Post Views: 497 Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница,  остана без три органи:  бубрег, матка и јајник.  На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство  но тој не дојде поради годишен одмор.Веапоска видно вознемирена  и разочарана, рече нема никакви очекувања од струшкиот суд но најави дека нема да се откаже од правда.„Јас правдата колку години ќе ја барам, бидејќи сум физички оштетена а овде во ходниците судски и психички ќе се...

Продолжи со читање

Поскапува дизелот

Post Views: 280 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 0,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 70 денари за литар.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82 денара за литар.За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини...

Продолжи со читање