Skip to main content

Автор: инфодеск

канео

Денес во Охрид сончево со температури до 30 степени Целзиусови

Views: 76 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес ќе се задржи многу топло време. Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 30 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Денес е Задушница, а утре е Педесетница (Духовден)

Views: 53 Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло со температури до 29 степени Целзиусови

Views: 90 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Од УХМР информираат дека викендов ќе се задржи многу топло време. Денесќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежиВо Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 13 до 29 степени...

Продолжи со читање

Свр Охрид

СВР Охрид: Акциска контрола во угостителски објекти, приведено 20 годишно лице по пријава на родител за семејно насилство

Views: 74 Денеска (06.06.) во 00,10 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Охрид, по претходно изготвен план, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24,00 часот, при што во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од ЗППЈРМ.Денеска (06.06.) во 03:00ч. полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Охрид, а по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се работи за...

Продолжи со читање

Охрид СОС: Се градат високи објекти со нетипичен стил, секој прави што сака

Views: 104 Охридската Стара Чаршија, aко некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, денеска оваа улица скоро сосема го изгубила својот лик и значење, реагираат од Охрид СОС.Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, предупредува иницијативата Охрид СОС.„На прстите од една рака се бројат старите градби кои...

Продолжи со читање

Четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Views: 52  Во недела, 8-ми јуни 2025 година, на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.Организаторите ги повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, да играат без никаков надомест и да се забавуваат во духот на хуманоста. Сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.– Oва е 4. издание на хуманитарниот...

Продолжи со читање

Наредната недела тактичко-технички активности на „Бафало бич“

Views: 59 Од СВР Охрид информираат дека оо периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.–Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за...

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Во домот на пастрмката” од Александра Велинова

Views: 132 Во рамките на Програмата на општина Охрид за децата под мотото: Културата расте со децата ,,За сите деца”, по повод Меѓународниот ден на животната средина, вчера беше промовирана книгата ,,Во домот на пастрмката” од авторката Александра Велинова.Промотор на книгата беше Валентина Рубаноска. Книгата е во издание на издавачката куќа Едука Мак, а финансиски е поддржана од Општина Охрид.Организаторите информираат дека настанот беше од едукативен карактер, а едукација за пастрмката и запознавање со нејзиното мрестење, живот, заштита и значење одржа Сузана...

Продолжи со читање