Автор: инфодеск
Post Views: 159Од ЈЗУ Општа Болница Охрид информираат дека на Одделението за гинекологија и акушерство започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат, а ваков тип на процедура е извршена за прв пат не само во Општина Охрид, туку и во околниот регион.Инаку, оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме. Со оваа современа и софистицирана метода ќе се овозможи минимално инвазивна дијагностика и третман, побрзо и побезболно закрепнување, прецизност...
Македонски автобус излетал од автопат во близина на Белград
Post Views: 219 Српските медиуми јавуваат дека автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, во близина на Белград. Според објавите, засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот.–Автобус со македонски ознаки целосно излетал од автопатот кај Добановци, од правец на градот. Состојбата на патниците не е позната. Возач на друг автобус застанал за да помогне, се наведува во информацијата што ја пренесуваат медиумите.Несреќата се случува во услови на отежнат сообраќај низ...
Денес го славиме Свети Наум Охридски – Чудотворец
Post Views: 172 Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц. Учeник на св. Кирил и на св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на св. Наум ја украсува...
Променливо облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на седмицата
Post Views: 144 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 12 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата....
Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк, утре ќе се појави пред федерален суд
Post Views: 213 Претседателот на Венецуела Николас Мадуро утре ќе се појави првпат пред федерален суд на Менхетен во Њујорк, најавуваат официјални лица во САД. Мадуро, заедно со неговата сопруга Силија Флорес се во притвор во затворски центар во Њујорк откако беше заробен за време на американски напад врз Венецуела во саботата. Тие беа однесени од главниот град Каракас во Метрополитен притворниот центар во Бруклин за да се соочат со обвиненија поврзани со трговија со дрога и оружје. Тој претходно негираше дека е водач на нарко-картел. Во обвинението се наведува дека...
Утре бродовите „Александрија“ ќе пловат до манастирот Свети Наум по симболична цена
Post Views: 210 По повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, зимски, во понеделник, 5 јануари, бродовите „Александрија ќе пловат до манастирот на светителот по симболична цена за поврарен билет од 250 денари, во двата правци.Тргнувањето за Св. Наум е од градското пристаниште во Охрид во 7:45 часот, а времето на враќање ќе биде соопштена во тек на пловидбата.Карти за бродовите „Александрија“ може да се купат на Градското пристаниште денес после 10 часот.
Променливо облачно со повремен локален дожд
Post Views: 123 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Минималните температури од 6, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските кои насекаде ќе бидатпозитивни
Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница и другите со неа
Post Views: 139 Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им...
Денес ќе се одржи генералната проба за Бадниковата Поворка
Post Views: 151 Денес во 12 часот во Спортската сала на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид ќе се одржи генералната проба за овогодинешната Бадникова Поворка.-Пожелно е да присуствувате во што поголем број, за заеднички, во духот на Божиќната радост, да ја усогласиме и подготвиме Поворката како што доликува, за 6-ти јануари, кога ќе се одржи и самата Поворка, велат организаторите.
Светата маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа
Post Views: 185 Света маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа.Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со...
Денес ќе имаме променливо облачно време
Post Views: 145 Променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.Во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 9 степени Целзиусови.
Автомобил излетал во реката Радика кај Бигорскиот манастир
Post Views: 199 Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид.Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката.За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои излегле на лице место заедно со командирот на станицата. Интервенција вршат и екипи од...