Skip to main content

Автор: инфодеск

Уште три дена до хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, набавете учеснички број

Views: 132 На три дена пред стартот на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, од Црвен Крст Охрид ги потсетуваат граѓаните да си обезбедите учеснички број и да бидат дел од настанот кој го промовира спортскиот дух и ја развива свеста кај населението за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени тешкотии.На 19 септември 2026 година во 11 часот, настанот започнува со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија пред х. Палас, а цел на Кеј Македонија пред Центар за култура...

Продолжи со читање

Општина Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Струга и двајца вработени во општината за несовесно работење во службата

Views: 168 ОВР Струга поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Струга Р. М(69), 40 годишно лице од струга и 57 годишно лице од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.-Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село ...

Продолжи со читање

Езерска полиција

31-годишниот скопјанец, по кого се трагаше, е пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Views: 145 Според информациите од СВР Охрид, синоќа околу 22 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и СВР Охрид, во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното во водите на езерото, било пронајдено телото на 31-годишниот скопјанец.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што, според првичните наоди, немало траги на насилство. Препознавањето на починатиот го извршил член на неговото семејство.На 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид, неговиот 68-годишен татко пријавил дека синот е исчезнат. Двајцата престојувале во автокамп во...

Продолжи со читање

Изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“ ќе биде отворена во петок во Куќата на Робевци

Views: 283 Изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“ ќе биде отворена на 18 септември (петок) во 19 часот, во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата е организирана од Здружението „Македонида“, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.Поставката претставува избор на фотографии од архивата на „Македонида“, создадени во рамки на едицијата книги-водичи посветени на средновековните цркви во Македонија, Пелагонија, Мариово, Преспа и Охрид.Преку фотографскиот објектив се претставени значајни фрескоансамбли и цркви, од „Света Софија“ во...

Продолжи со читање

Child in warm outerwear and protective mask putting medical mask on favorite plush toy while spending time in autumn park

Покрената петиција: Чистиот воздух, безбедната вода и здравата животна средина да бидат приоритет

Views: 172 Покрената е петиција со која се повикуваат граѓаните да испратат јасна порака дека чистиот воздух, безбедната вода, правилното управување со отпадот, заштитата на природата и здравата животна средина треба да бидат приоритет во Македонија.Во образложението за иницијативата се посочува дека загадувањето на воздухот и понатаму претставува сериозен здравствен ризик. Според најновата анализа на Европската агенција за животна средина, со податоци до 2023 година, Македонија има највисока релативна стапка на здравствен товар од изложеност на PM2.5 меѓу 40-те опфатени земји....

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Антим

Views: 107 Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на жестокото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот

Views: 121 Сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес температурите од 13 до 25 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Продолжи со читање

Во тек е потрага и на копно и во вода по 32-годишен скопјанец кој исчезнал од автокамп во Охрид

Views: 155 На 14 септември 2026 година во 18:10 часот во СВР Охрид, жител на Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син, со кого престојувал во автокамп во Охрид, го напуштил кампот, по што на плажата пронашол дел од неговата облека, мобилен телефон и гумен чамец.Веднаш по добивањето на пријавата, полициски екипи од Езерската полиција и од СВР Охрид, заедно со членови на спасителската планинска служба и нуркачки тим од Нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот, , информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање