Автор: инфодеск
Post Views: 262 Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.
Градскиот базен од денес отворен за користење
Post Views: 486 Од денес 10 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење, известуваат од ЈП “Билјанини Извори”.Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 часот додека утринските часови и дел на попладневните часови се резервирани за пливачките школи. Дневниот билет за рекреативно користење е 100 денари.
Изложба на стари фотографии „Охрид 1940-45 год“ од фотографот Јонче Поп Стефанија
Post Views: 347 На 11.07.2023 (вторник) во 20 часот во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45”.Изложбата “Охрид 1940 – 45” претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид).Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Автор на...
ТАМАРО сериозно се докажува и во кетеринг бизнисот
Post Views: 1.152 Трговската фирма Тамаро , покрај ланецот маркети и слаткарата Анабела и пекарата, на пазарот сериозно се наметна и докажа и со своите кетеринг услуги.Во 2016 година, во склоп на „Анабела“ започнува со работа и „Тамаро“ пекарата, а производството е проширено на над 500 м2 во кои работат и слаткарата и кујната за готови јадења „Анабела“. Две години подоцна покрај подготовката на готови јадења, кои им се достапни на потрошувачите низ ланецот маркети, започна активно да нуди и кетеринг услуги.Тимот составен од 13 вработени во кујна...
Поради дефект неколку часови без вода жителите на Лескоец
Post Views: 291 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160мм ) денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците во с.Лескоец .“Бидејќи дефектот е настанат на непристапен терен интервецијата може да се пролонгира.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до завршување на санацијата.”- информираат од ЈП.Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да...
Друштвото на писателите на Македонија стана нов член на Европскиот писателски совет
Post Views: 332 Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава на 4 јуни во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки – писателски асоцијации од различни европски земји:– Друштво на писателите на Македонија, Македонија;– IG Autorinnen und Autoren, Австрија;– SNAC...
СВР Охрид со детали за опожареното возило во Струга
Post Views: 509 На 08.07.2023 година околу 15 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на улицата „Димче Ковачески” во Струга настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, управуван Т.Т.(53) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во Охрид сончево и топло
Post Views: 232 Во Охрид денес претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Утринската температура до 14 степени а максималната дневна до 28 степени.Следува период на стабилно, суво и многу топло време со значителен пораст на температурата.
Промовирана збирката поезија “Македонски погледи”
Post Views: 445 Денеска во Охрид во НУ Библиотека “Григор Прличев” беше промовирана книгата МАКЕДОНСКИ ПОГЛЕДИ во издание на ПНВ Публикации.Поетско патување напишано првично на шпански и италијански и преведено на македонски и англиски од еден цел тим пријатели и соработници на двајца дипломати и пријатели Ернесто Хередеро дел Кампо и Марио де Роза.Поезијата на македонски ја читаше нашата – охриѓанката Ружица Паункоска а музичката придружба беше на познатиот Дарко Багевски и неговата гитара.Тоа беше дијалог на погледи, јазици и емоции собрани...
Охрид – Центар за мир и медијација во рамки на ОБСЕ
Post Views: 214 Денеска министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на претседавањето со Организацијата во 2023 година, ја презентираше иницијативата за формирање на Охрид Центар за мир и медијација.Според Османи идејата е овој Центар да биде белег на нашето претседателство со ОБСЕ, истиот ќе е од истражувачки карактер и под покровителство на Организацијата.“Партнерство помеѓу Владата на Северна Македонија и ОБСЕ со интенција да прерасне во регионален центар за мир, посредување, решавање конфликти, еден вид форум за регионален...
Охриѓани и туристите во голем број го посетија првиот Ракија базар
Post Views: 274 Над 25 семејни дестилерии со преку 50 домашни ракии, вињаци, ликери и вкусни деликатеси, викендов се претставија на првиот Ракија базар што се одржа во Охрид. Во автентичниот амбиент кај месноста Долна Порта посетителите уживаа во староградска музика, храна и прочуениот македонски пијалок.Традицијата за правење ракија во земјава постои со векови. Најпрво се правела само од грозје, а денес и од други видови овошје.„Решивме овој настан за прв пат да го организираме токму во Охрид за да можат не само нашите домашни гости туку и странските туристида се...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 269 Во Охрид денес претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Следува период на стабилно и суво време. Од утре температурата насекаде ќе биде во значителен пораст, особено од средината на неделата.