Автор: инфодеск
Views: 153 Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат дека традиционално и оваа година, според однапред утврдени критериуми, го одбраа својот првенец на генерацијата. Титулата „Првенец на генерација“ оваа година има чест да ја понесе Митко Савев, ученик во IV-5.Помеѓу трите најдобри ученици на генерацијата, покрај првенецот, се и Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4.-Им честитаме и сме бескрајно горди на ваквите ученици за кои сме сигурни дека ги чека светла иднина. Браво Митко, браво Софија и Теодора, се вели во соопштението од...
Денес се празнува Курбан Бајрам
Views: 88 Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан Бајрам се празнува...
Преподобен Симеон Столпник Дивногорец
Views: 46 Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и благодат. Христос му се јави во вид на прекрасно момче. По тоа видение, во срцето на Симеон се разгоре голема љубов кон Христа. Помина многу...
Сончево и многу топло, попладне можност за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи
Views: 60 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.Во Охрид денешните температури во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови. Од УХМР додаваат дека од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.Фото: Ѓоко Симјаноски
Прекинат времениот сообраќаен режим на кружниот тек кај ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“
Views: 49 Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно.
Вторник започнува Меѓународниот турнир во кошарка „Охрид 2025“
Views: 89 Кошаркарскиот клуб „Колибри“, од 10-ти до 13-ти јуни 2025 година го организира четвртиот по ред, Меѓународен турнир во кошарка „Охрид 2025“ во спортската сала Билјанини Извори – Охрид.Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.– Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи во предвидените натпреварувачки генерации, со нешто повеќе од 300 деца. Свеченото отворање е закажано за вторник, 10-ти јуни 2025 одина, со почеток во 18:00 часот во Спортската сала...
ЈП Градски Пазар Охрид издава станици за подвижна урбана опрема
Views: 85 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, Извод бр.19-6478/2 од 23.04.2025г., извод бр.19-6478/3 од 23.04.2025г., извод бр.19-6478/2 од 23.04.2025г., од Општина Охрид, Одлука бр.02-257/4 од 29.05.2025 год. од Управен одбор...
Богата музичка програма на четвртото издание на Ohrid Wine Festival
Views: 130 Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе четвртото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 26-ти до 28-ми јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.-На отварањето на фестивалот на 26.06.2025 (четврток) на сцената ќе настапат Тамара, Brass brothers, Backdoor band и DJ Gec.-Вториот фестивалски ден на 27.06.2025 (петок) е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasty и Urban planet.-Третиот фестивалски ден...








