Автор: инфодеск
Post Views: 347 Започнаа летовите на новата авиолинија Скопје – Сараево, воведена од страна на AEGEAN Airlines, грчката национална авиокомпанија и членка на STAR ALLIANCE.Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно.Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секој понеделник, среда и петок.Љубезниот персонал на Меѓународниот Аеродром Сараево им упати топло добредојде на сите патници кои пристигнаа на првиот лет за Сараево и им додели симболични...
Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан
Post Views: 327 Започна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан, што беше предвидено со декларацијата потпишана на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана на 6. декември 2022 година, соопшти Советот за регионална соработка.Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра. Ова ќе ги направи меѓународните патувања и комуникации значително...
Контролорите на летање на аеродромите во Скопје и Охрид на штрајк на 12-ти октомври
Post Views: 468 Синдикатот на контролори на летање во АД во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација М-НАВ најавува штрајк на 12 октомври, при што во периодот од 11 до 17 часот нема да се опслужуваат воздухоплови на Скопскиот и Охридскиот аеродром. Синдикатот на контролори на летање преку медиумите информира дека штрајкот е поради наталожени проблеми од раководството на МНАВ, лоши услови за работи и наместени огласи. Тврдат дека поради стара техника, авиосообраќајот над небото на Македонија ова лето бил принудно намален.„Најостро реагираме на...
80 години од издавањето на Манифестот на Главниот Штаб на НОБ и ПОМ
Post Views: 237 Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода денеска ја одбележуваат 80 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година, со полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор.За време на шестомесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи,...
Денеска од Охрид ВМРО-ДПМНЕ започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“
Post Views: 217 ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“.Кампањата, како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Најавени се и по две дебати во текот на неделата во различни општини.Денеска на стартот на кампањата, во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со...
Поради дефект без вода ќе бидат Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј
Post Views: 409 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф450 мм) , денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Јордан Мијалков ” и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј, информираат од ЈП Водовод Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Сончево со температура до 22 степени
Post Views: 314 Времето денеска во Охрид, по свежото утро со температура до 8 степени, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени.Стабилно време метеоролозите најавуваат и за среда. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Казнети 39 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината
Post Views: 345 На 01.10.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-15,Дебар-03), информираат од СВР Охрид.
Поевтинуваат бензините, дизелот поскап за полoвина денар
Post Views: 297 Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. Непроменета останува малопродажната цена на Екстра...
Црвен крст Охрид го одбележа Меѓународниот ден на старите лица
Post Views: 271 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година. Целта на одбележување на овој ден е да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реалзираат својот потенцијал.Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од...
Кај учениците расте интересот за угостителско туристичките струки
Post Views: 216 Расте интересот за угостителско -туристичките струки, кај учениците, но, потребен е посериозен пристап за стимулирање и задржување на најдефицитарниот кадар на пазарот на трудот.Да се мотивираат младите за вработување во угостителскиот сектор преку зголемување на платите, редовен работен однос и ценење на струката.Изминатава летна сезона, поради недостиг на стручен кадар, кој редовно заминува во странство, поголемиот дел од учениците беа сезонски ангажирани во хотелите и рестораните.„Оваа година и Регионалниот центар бележи раст на бројот...
Успешно реализиран проектот „Екологијата дел од нашата култура“
Post Views: 431 Со повеќе еко акции за чистење на струшкото крајбрежје на потегот од Евро хотел до Елен камен, подводно чистење на езерото, мапирање на еколошки чисти плажи, и едукативна работилница успешно се реализира проектот „Екологија, дел од нашата култура“ како дел од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање.Во рамките на проектот, кој има за цел подигнување на еколошката свест, изработен е и видео спот преку кој младите испратија силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина.„Младите, помогнати од граѓаните кои се...