Skip to main content

Автор: инфодеск

залив на коските

Денеска бесплатен влез во музеите под надлежност на НУ Завод и Музеј-Охрид

Post Views: 50 Денес, по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид известува дека на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Продолжи со читање

Вторник започнуваат празнувањата за јубилејот „120 години од херојската погибија на Христо Узунов“

Post Views: 39 Чествувањата ќе започнат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама со настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и драмска изведба на сцени од текстот „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.ООУ „Христо...

Продолжи со читање

Патот преку Националниот парк Галичица е повторно прооден за сообраќај

Post Views: 58 Јавната установа Национален парк Галичица ги известува граѓаните и посетителите дека патот преку Националниот парк Галичица, кој ги поврзува Охридската со Преспанската страна, е прооден за сообраќај.Од Националниот парк апелираат до возачите и посетителите да се движат со зголемено внимание поради специфичниот планински терен, да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзина и да се однесуваат одговорно кон природата.

Продолжи со читање

Исус Христос

Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството

Post Views: 80 Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. а  верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги...

Продолжи со читање

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Post Views: 69 Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.Викендов времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на кабинетите за практична настава во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Post Views: 59 Министерството за образование и наука информира дека заедно со локалната самоуправа започна реконструкција на кабинетите и работилниците за практична настава и обука во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Нивна цел е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.– Во моментов МОН има 30тина активни инфраструктурни инвестиции во повеќе општини во државата, во вредност од околу 32 милиони евра. Се градат 7 нови училишни објекти и 4 спортски...

Продолжи со читање

Охриѓани во голем број го посетија хуманитарниот Велигденски базар

Post Views: 72 Охриѓани и гостите во голем број денеска го посетија Велигденскиот базар, кој традиционално по деветти пат го организира Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар.На штандовите со велигденски украси и други рачни изработки и годинава се претставија ученици од охридските училишта.Од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ на посетителите им понудија и вкусни закуски и пијалоци.-Имаме безалкохолни коктели, свежо овошје, козињак..-Ние подготвивме велигденски колачи, козињак, ванилици, имаме и овошни салати. Ние често учествуваме на вакви...

Продолжи со читање

Велосипедистите го поддржуваат доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди

Post Views: 49 Доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди за млади лица до 29 години ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед. Во Охрид години наназад се вложува во  вело инфраструктурата. Градот има идеални услови за развој на велосипедизмот, но потребно е  изградба на нови вело патеки.Статистиката покажува дека велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот, затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста, на возачите на овие еко рекреативни превозни средства.– Секако за поздравување е...

Продолжи со читање