Skip to main content

Автор: инфодеск

Продолжен рокот за поднесување барања за обесштетување од невремето во Дебрца

Post Views: 238 Со цел да се излезе во пресрет на барањата на земјоделците се известуваат дека рокот за поднесување на пријави на штетите на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општина Дебрца  на ден 24 Јуни 2023 година  се продолжува  до 14.07.2023 година, информираат од општината.Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури во Дебрца | Портал ТВМ (tvm.mk)

Продолжи со читање

Се реновира дрвениот мост во Струга

Post Views: 393 ЈП Комунално Струга започна со реновирање на дрвениот мост во Струга.Се заменуваат оштетените делови од мостот и потоа ќе се изврши финално бојадисување за заштита од атмосферски услови.Дрвениот мост во Струга е едно од препознатливите обележја на градот на Црн Дрим. Денешниот мост беше изграден на местото на стариот мост кој датираше од 1987 година, а беше срушен во 2011 година, поради лошата состојба.Во 2016 година, почна изградбата на новиот мост кој една година подоцна во јануари 2017 година беше свечено пуштен во употреба.

Продолжи со читање

Промоција на четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи“

Post Views: 252 Во недела 9 јули од 11 часот во НУ „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи / Sguardi macedoni / Miradas macedonias / Macedonian glances“  од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза во издание на „ПНВ Публикации“, Скопје.„Македонски погледи“ претставува поетско патување на двајца дипломати и пријатели. Станува збор за четиријазично издание, односно триесетина песни од двајцата автори се запишани на нивниот мајчин јазик, преведени на јазикот на другиот, како и на англиски и на македонски...

Продолжи со читање

Иванден – раѓање на Свети Јован Крстител

Post Views: 288 Денеска се празнува Свети Јован Крстител– летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов.Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гаврил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по...

Продолжи со читање

Во Охрид денеска сончево и топло време

Post Views: 243 Времето денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. UV=8Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачно . Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 28.

Продолжи со читање

Забава со Проект Вентолин на 14-ти јули на плоштад Мини маркет

Post Views: 379 На плоштадот кај Мини маркет на 14-ти јули ќе се одрши забавен настан со музички, рекреативни и креативни содржини.Во музичкиот дел присутните ќе уживаат во проектот Вентолин – ,,Овие 2 дена” кој е замислен за поттикнување на младите за креирање на авторска музика и нејзина промотивна презентација, како и изведбите на малите ѕвездички од К2 продукција.Програма:20:30 – 21:30ч.К2 и неговите ѕвездички/музика за деца22:00 – 23:00ч.Проект: Вентолин – ,,Овие 2 дена” /музички настанНикола Тони – Перкусии...

Продолжи со читање

Новата цена на електричната енергија нема да ги поскапи туристичките аранжмани

Post Views: 225 Новото поскапување на електричната енергија, од 1 јули годинава нема да ги поскапи туристичките аранжмани. Според хотелската асоцијација корекцијата на цената на струјата нема да предизвика нов ценовен удар.  Малите потрошувачи или помалите фирми  ќе добиваат слични сметки за струја како и досега.  Оттука не се очекува поскапување на цените ниту во хотелското, ниту во приватното сместување.„Оваа година имаме подобрени цени и се надеваме дека ова поскапување нема да е толку значајно и ќе помине полесно од минатата година. За разлика...

Продолжи со читање

8 години затвор доби Рашковски за случајот Софтвери

Post Views: 320 8 години затвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски пресуди денеска Кривичниот суд во случајот Софтвери.Останатие обвинети добија затворски казни од три до пет години, и тоа 5 години Ивица Димитровски, 5 год и 6 месеци Игор Христов, 4 години Даниел Станчев, 3 години и 6 месеци Ирена Ивановска, по 3 години Игор Ивановски и Маја Силјановска.Судот го задолжи Рашковски со уште тројца осудени во рок од 6 месеци да ја надоместат штетата која ја нанеле на државата со набавка на систем и софтвер за откривање на брзо возење во...

Продолжи со читање

Нели ќе немаше градежни работи во сезона, прашуваат жители на ул. Даме Груев

Post Views: 969 Жители на ул. „Даме Груев“ кај старото кино реагираат преку рубриката Ти Си Твојот Град поради градежни зафати за, како што велат, крпење дупки сред туристичка сезона.„ Има тука станови на луѓе кои дошле во Охрид да одморат. Има и станоиздавачи кои ги чекаат овие два месеци да сместат некој турист. Но, како по некое непишано правило, секоја сезона на улицата мора нешто да се гради, копа, прекопува. Така и оваа, во јули се сече асфалт, се крпат дупки, се прави бука, се крева прашина, се блокира улицата„ – велат граѓаните.Додаваат дека...

Продолжи со читање

Возило излета од патот кај Рача, четворица повредени

Post Views: 262 На 05.07.2023 година во 20.30 часот, на регионалниот пат Св. Наум – Охрид кај населбата Рача, патничко моторно возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.К.(26) од Скопје излетало надвор од коловозот.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од селото Пешатни, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. “ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Увид...

Продолжи со читање

Делницата Подмоље – Охрид не ја менува сликата за лошата патнa инфраструктура

Post Views: 406 Иако од вчера е пуштена  во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево кај Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, граѓаните не се задоволни.Патната инфраструктура кон двата туристички центри и натаму е во очајна состојба. Огромни дупки, лоша сообраќајна сигнализација, безброј пренасочувања. Патот Кичево Охрид речиси цела деценија е во изградба, комплетно небезбеден за возачите.  Изминатиот месец градежни активности беа вршени на самиот влез во Охрид, каде е поставен  нов асфалт на половина од...

Продолжи со читање

Фудбалскиот терен “Билјанини Извори” ќе биде затворен за користење до 19 јули

Post Views: 432 На градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.Шампионот Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јули кај Жалгирис додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 18 јули.„Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за...

Продолжи со читање