Skip to main content

Автор: инфодеск

(фото) Свечено отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 291 Синоќа  во ЦК „Григор Прличев“ свечено беше отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри со целовечерен концерт на Националниот ансамбл Танец.Вечерва тука, заедно  во нашиот убав Охрид  ја продолжуваме долгогодишната традиција, со одржувањето на оваа манифестација на  највеличествен начин  да  го прославиме  значењето на танцот и музиката  како универзални вредности на народите, кажа во обраќањето пред присутните заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.„Полека но сигурно ја ситниме седмата деценија од првото...

Продолжи со читање

Зголемени цените на угостителските услуги

Post Views: 328 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти.Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е...

Продолжи со читање

Дали Threads ќе го „убие“ Twitter

Post Views: 478 Основачот на Мета, Марк Закерберг, ја лансираше долгоочекуваната апликација Threads, која би требало да биде главен конкурент на Twitter на Илон Маск.„Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во Threads“, напиша Закерберг во својата прва објава на апликацијата, заедно со емотикони со оган.Тој додаде дека апликацијата забележала пет милиони регистрации во првите четири часа од своето постоење, пренесува Ројтерс.Слично на Twitter, апликацијата има кратки текстуални објави на кои корисниците може да означат дека им се допаднале, да ги...

Продолжи со читање

„Книгата најдобар другар на децата“, проект на НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 246 Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа од понеделникот (3 јули) започна да го спроведува завршниот десетдневен дел од Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“.Со помош на педагози и наставници од Општинските основни училишта: „Св. Климент Охридски“, „Братство – Единство“ и „Григор Прличев“ одбрани се дваесеттина деца кои од септември ќе бидат во петто одделение. Тие во Библиотеката и надвор од неа заедно со вработените се дружат и запознаваат и со нивна  помош ќе навлезат во светот на книгата, токму на...

Продолжи со читање

Ногачески: Нула толеранција за дивите депонии низ Дебрца

Post Views: 378 Последниве неколку месеци во Дебрца се случува неконтролирано депонирање на инертен отпад/градежен шут насекаде. На местата кои во изминативе години општината и по неколку пати ги расчистуваше повторно никнуваат депонии со што директно се загрозува природната и животната средина.Во моментов мини депонии со градежен пут никнуваат кај мостот на патот Волино Требеништа и покрај старото корито на река Сатеска, во местноста Аџица, село Волино, во непосредна близина на каптажите за вода кај Св.Мартинија во село Требеништа, под поранешното фудбалско...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност

Post Views: 214 Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.Во Охрид умерено облачно со сончеви периоди. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.Во петок во повеќе места во Македонија ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на...

Продолжи со читање

Јавна анкета и презентација за ЛУПД за формирање на парцела за верски институции

Post Views: 361 Градоначалникот на општина Охрид, објави Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација за локална урбанистичко планска документација ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј ВГР и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 верски институции.СЕ ОРГАНИЗИРА Јавна анкета и Јавна презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции, Општина Охрид, со техн.бр. 09/20  jули 2023 год. изработен од Друштво за просторно и...

Продолжи со читање

Уставниот суд времено го запре издавањето изводи со етничка припадност

Post Views: 316 Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги во врска со воведувањето графа за етничка припадност. Постапката се поведува поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник.Имено, министерот за правда Кренар Лога го потпишал Упатството на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.Притоа Уставниот суд донесе решение со кое времено се запира извршувањето на обрасците кои веќе се во примена, односно изводите од матичната книга за...

Продолжи со читање

Бочварски: Ја вративме делницата Подмоље – Охрид за сообраќај и пред рокот

Post Views: 444 Делницата Подмоље – Охрид ја вративме за сообраќај денес за сите возила и пред рокот 10 јули што го ветивме со директорот на ЈП за државни патишта Рустеми, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на завршувањето на градежните работи на тој потег од автопатската делница.„Од денеска сите граѓани, туристи, и сите што ја користат оваа делница ќе можат да возат по главната траса за побезбеден сообраќај.“ – напиша министерот во објавата на фејсбукСе што правиме е со цел развој на Охридскот регион и туризмот...

Продолжи со читање

Стопанствениците на плажите сериозно да ја сфатат потребата од ангажирање на спасители

Post Views: 455 Сезоната за капење во Охрид започна, а седум плажи на охридското крајбрежје ќе добијат и спасители на отворени води. Од единаесетте пријавени во Центарот за безбедност на вода при охридскиот Црвен крст, само шест лица ја завршиле обуката. Обуките коишто се изведуваа во јуни беа по сите стандарди на Меѓународната федерација за безбедност на вода, чии лиценци и акредитации за работа се валидни насекаде во светот. Од година во година, се помал е одзивот кај младите да се занимаваат со оваа доблесна професија, вели Сашо Точков, Претседател О.О. Црвен Крст...

Продолжи со читање

Отворена изложбата на невестински носии “Од Љубанишча до Дебор”

Post Views: 405 Отворена изложбата “Од Љубанишча до Дебор” во рамки на 62 издание на “Балкански Фестивал на народни песни и игри” во Охрид.Во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ посетителите на изложбата имаа можност да погледнат фотографии од традиционални носии од приватната збирка на младиот колекционер Љупчо Милошески од Струга.Авторот на изложбата со години собира народни невестински носии од 12 етнички предели на брсјачката и дебарско реканската етнографска целина кои датираат од крајот на 19 и почетокот на 20 век....

Продолжи со читање

Најтопол ден

На 3-ти јули бил најтоплиот ден на планетава откако се врши мерење

Post Views: 402 Просечната светска температура достигна нов максимум во понеделникот на 3-ти јули и првпат надмина 17 степени Целзиусови, објави во средата BBC.Американските истражувачи рекоа дека новиот рекорд е највисок во однос на која и да е скала на мерења која се спроведвуа од крајот на XIX век.Научниците веруваат дека топлината е предизвикана од комбинација на природен временски феномен познат како Ел Нињо и емисиите на јаглерод диоксид.Научниците од американскиот Национален центар за предвидување на животната средина соопштија дека на 3-ти јули просечната...

Продолжи со читање