Автор: инфодеск
Views: 72 Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо. Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. Бугарскиот цар Самуил го нападна и го зароби, та го стави во затвор во Преспа. Ќерката на царот Самуил, Косара, им носеше милостина на...
Сончево и топло со слаб ветер од јужен правец
Views: 72 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица ќе биде многу топло со натамошен пораст на температурите. Денес во попладневните часови во планинските региони, а во четврток и петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес во интервал од 12 до 27 степени Целзиусови.
СВР Охрид со работилници за безбедноста на децата во сообраќајот
Views: 69 СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот”, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј.–Целта на работилниците беше,...
Утре теристичка ларвицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Дебрца
Views: 61 Општина Дебрца утре, 04.06.2025 год. (среда), ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.Од Општина Дебрца ги замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на...
Прекин во водоснабдувањето на улица ,,Јане Сандански”
Views: 92 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јане Сандански“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година на Струшките вечери на поезијата
Views: 133 Националната установа – манифестација „Струшки вечери на поезијата“ објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2024 година до 31 мај 2025 година.На конкурсот, кој ќе трае до 25 јуни, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.-Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор...
Денес ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“
Views: 104 Здружението „Граѓански Интегритет“ од Охрид, по повод Светскиот ден на велосипедизмот, денеска го организира второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“.– Истиот ќе се одржи од 11:30 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид и има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Учеството е бесплатно и доброволно, а пријавувањето е отворено на следниот линк, информираат организаторите.Настанот...
Денес неколку часа без струја делови од Вевчани и Горна Белица
Views: 98 Од Општина Вевчани информираат дека денес, 3 јуни, во периодот од 08:30 до 16:30, ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во Вевчани.-Поради работа на трафостаница, прекин ќе има кај корисниците во дел од центарот, градинката, Црвката Св. Никола, Јанков Камен, како и во с. Горна Белица, посочуваат во соопштението.








